Појадок
Првиот оброк во денот треба да е доволно голем за да ве држи сити до ручекот без, при тоа, да почувствувате потреба од ужина. Целта на појадокот е да ве доведе до ручек без чувство на глад. Ајурведата препорачува топли мусли или јаболка, круши, смокви и сливи за појадок. Обидете се со компот од јаболка зачинет со цимет и кардамом како вкусен и хранлив почеток на денот. Овој оброк е одличен за оние кои вежбаат пред појадок бидејќи го снабдува телото со многу енергија.
Ручек
Овој начин на живот вели дека ручекот треба да биде најзначајниот оброк во денот. Ајурведата го следи ритамот на природата, па, така, како што сонцето е најгоре и најтопло на пладне така е и со вашиот дигестивен оган односно вашето “агни”. Во вашиот ручек вклучете басмати ориз, зеленчук, интегрални зрна, посно месо (доколку имате потреба) и топол чај од ѓумбир.
Вечера
Вечерата треба да биде дополнителен оброк кој се јаде пред да зајде сонцето околу 6 часот попладне. Како што заоѓа денот, така стивнува и вашиот дигестивен оган односно метаболизам. Тешките оброци по зајдисонце значително го отежнуваат губењето на килограми бидејќи телото акумулира токсини, масти и вишок килограми кога не е во можност правилно и целосно да ја преработи храната. Затоа, од исклучителна важност е последниот оброк да заврши во 7 часот попладне и телото да пости до појадокот следниот ден. Ајурведата препорачува бистри супи и чорби во поладните и салати во потоплите месеци како одличен избор за вечера, доклку одговара со исхрана за вашата доша.
Природно и лесно длабоките масни наслаги од телото можете да ги исфрлите со неколку ајурведски третмани Удвартана и редовно користење на Трифала.
0 Comments