Состојбата на стомакот според ајурведата е еднаква на важноста на правилното работење на срцето и мозокот.
Интестинален гас или натрупување на гасови во колонот е од витално значење.
Подуеноста се предизвикува од неправилната исхрана и ферментацијата на храна во колонот која што не е целосно сварена, растителните влакна од зеленчукот и овошјето. Гасовите исто така се создаваат кога дигестивниот систем во целост не го прифаќа глутенот или шеќерот од млечните производи и овошјето.
Јогата и ајурведата можат многу да помогнат во вакви случаеви.
Пранајама – техники на дишење
Нема подобро време да се фокусираме на дишењето. Започнете со 5 минути на ден и пополека зголемувајте се до 20 минути, односно онолку колку ќе се чувствувате удобно.
Како да дишеме правилно ?:
Надишодана пранајама
Започнете со бавен длабок здив вдишувајќи и издишувајќи. Користете го палецот за да притиснете лесно на десната ноздра. Вдишете низ двете ноздри, а потоа издишете низ левата ноздра, притискајќи ја десната ноздра. Потоа, вдишете низ левата, ослободете го левиот палец и издишете преку десната ноздра. Вдишете преку десната ноздра, затворете ја десната ноздра и издишете низ левата ноздра. Продолжете неколку циклуси.
Како даа се победи надуеноста и грчевите?
Janu Sirsana – истегнување кон напред
Оваа поза ја зголемува циркулацијата на абдоменот и внатрешните органи, го опушта умот и ја намалува вознемиреноста. Исто така е одлично за ослободување на гасовите и несаканото надувување.
Како правилно да ја изведувате: Приближете го телото и градите кон ногата, истегнувајќи го долниот дел на грбот, компресирајќи ги абдоминалите мускули, додека го опуштате целиот ‘рбет. Останете некое време и потоа сменете ја ногата и насоката.
Мост – Setu Bandhasana
Оваа поза му дозволува на ‘рбетот да постигне продолжување со помош на телото. Останете во оваа поза 3-5 минути и бидете многу внимателни и нежни додека излегувате од неа.
Како правилно да ја изведете: Легнете на грб и свиткајте ги колената, приближувајќи ги потпетиците до задникот. Подигнете ги колковите нагоре и ако ви треба, поставете блок или предмет под вашиот сакрум. Можете да изберете нозете да се свиткани или исправени. Дишете длабоко, колковите и долниот дел на грбот да се добро поставени на под. Опуштете го горниот дел од телото.
Научете правилни и корисни јога вежби на редовните јога часови и семинари водени од сертифицирани јога учители.
0 Comments