fbpx
Прегледајте го својот јазик веднаш
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Прегледајте го својот јазик веднаш

Прегледајте го својот јазик веднаш

by | Авг 27, 2020 | 0 comments

Побелен јазик?

Јазикот е место каде се кријат многубројни бактерии кои го создаваат непријатниот мирис на устата. И колку повеќе наслаги има на него, толку полош е мирисот.

Дали знаете дека јазикот е место каде што се напластуваат многу микроорганизми, бактерии, вируси?
Ајурведата е сестра наука на јогата и е еден од најстарите постоечки системи за здравје. Во Ајурведата, се верува дека сите битија се составени од истите примарни елементи кои постојат во природата: оган, вода, земја, воздух и простор. Овие се присутни во секој од нас во различни количини, а оваа уникатна комбинација наречена #Dosha – е таа што ги диктира нашите индивидуални карактеристики и потреби. Ајурведата нѐ учи како да го направиме вистински избор за нашето тело и ум, според нашата #доша.
Сепак, дури и ако не знаете многу за Ајурведата и немате поим која е вашата Доша, постојат универзални начини на кои можете да ги прилагодите практиките на ајурведскиот начин на живот во вашата дневна рутина.

Колку и да ви звучи грозно, во устата имате милион живи организми, претежно бактерии кои живеат и опстојуваат на топла и темна средина.
Секој ден ќе објавуваме по една нова практика:

😋 Користете стругалка за јазикот.
Во Ајурведата, здравјето е тесно поврзано со присуството или отсуството на токсини во телото. Употреба на бакарна стругалка за јазикот, првата работа наутро, пред да ги четкате и измиете забите, е одличен начин за брзо отстранување на токсините и бактериите кои се акумулираат во устата додека спиете.
Се користи за да се подобри не само вашиот здив и целокупното орално здравје, туку и вашето варење. Тоа е затоа што говорот е поврзан со јазикот, а и сетилото за вкус, а вкусот е првиот чекор во процесот на дигестивниот процес.
Јавете ни се веднаш да си набавите бакарен чистач за јазик.

 

Ајурведски бакарен чистач за јазик

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...