Препораки од ајурведскиот доктор Авишек за употреба на специјалните ајурведски масла за нос
Според ајурведата многу е важна употребата на маслени капки во ноздрите. Носот е поврзан со мозокот, па доколку некој лек се прима преку назалниот премин, тоа влијае и на мозокот. Во нашата дневна рутина, откако ќе се разбудиме наутро и ќе ги измиеме забите, се вели дека ставањето 4 до 6 капки масло во ноздрвите, ги чисти секретите од носот и грлото. Исто така, со редовна употреба на Насја маслото во носот, се намалуваат и ги снемува симптомите од сезонските алергии како: на полен, цвеќиња или други симптоми, се намалува чешањето на носот, како и секретите при хронично воспалување на синусите. Лековитото масло аплицирано преку носот директно се апсорбира во мозокот, така што користењето на масло во ноздрвите ги стопира дегенеративните процеси во мозочните клетки, како слабата меморија, Паркинсонова болест, Алцхајмеровата болест, итн.
Во ајурведата оваа постапка на користење масло во ноздрвите се нарекува НАСАЈА. Правењето насаја секое утро на празен стомак, со користење 4 до 6 капки масло во ноздрите, ќе ви помогне: да се спречи надразнувањето на носот и да се поддржи функцијата на мозокот, да се запре дегенерацијата на мозокот и проблемите во староста, како тресење, вртоглавица, проблеми со меморијата, итн. Помага при намалување на главоболките заради синусен блок, тешкиот утрински замор на главата, се чистат синусите, и се подобрува целокупната состојба при алергии на полен. Исто така, важно е да знаете со употреба на масло во ноздравите нема да дозволите вирусот да преживее, доколку случајно вирусот влезе низ ноздрите, маслото ќе спречи негово подлабоко навлегување. Истото се однесува и за корона вирусите.
0 Comments