fbpx
Како правилно да се капеме според Ајурведата
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како правилно да се капеме според Ајурведата

Како правилно да се капеме според Ајурведата

by | Сеп 9, 2020 | 0 comments

 

Препораки од ценетиот др.Авишек Мишра

Ние се бањаме за да ја измиеме нечистотијата од нас и да се освежиме. Кога времето е ладно,  користиме топла вода, а во топлата сезона користиме ладна вода.

Препораката, според ајуведата, е никогаш да не се става топла вода на главата. Ако се тушираме со топла вода, ќе предизвикаме сериозно опаѓање на косата и трајно оштетување на корените на косата. Топла вода се препорачува ако времето е навистина студено, но прво започнете од стапалата, натопете ги нозете, а потоа главата.

Кога се тушираме со ладна вода,  најпрво натопете ја главата. Не ставајте прво ладна вода на нозете. Најчесто кога луѓето доаѓаат од жешкото сонце, ги држат стапалото во ладна вода, во оваа состојба топлината се движи нагоре и го оштетува видот на очите, дури и трајно ќе ги оштети очите, така што тоа е забрането во ајурведата.

Значи туширањето со ладна вода секогаш започнува од главата, а потоа целото тело. Ова дава свежина, додека пак туширање со топла вода не може да ви даде свежо чувство. Туширајте се со топла вода само кога времето е ладно, но прво потопете ги нозете, потоа целото тело и не се туширајте со топла вода подолго време, дефинитивно ќе се наштети на очите и косата. Оние кои се тушираат со топла вода добиваат првут, а кожата многу им се суши. Ако сте направиле абхијанга (масажа со масло), тогаш тушот со топла вода е добар, но сепак не ставајте премногу топла вода на главата.

Споделете корисни содржини со вашите најблиски 🙂

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...