Бидејќи содржат големи количини на растителни влакна, редовната употреба на праски од било кој вид може да помогне при контролирање на високиот холестерол, што е фактор на ризик за кардиоваскуларни болести.
Праските содржат фенолни соединенија кои спречуваат формирање на ЛДЛ холестерол. Ова сочно овошје е исто така богато со антиоксиданси кои помагаат да се спречи навлегувањето на масните молекули во вашиот крвоток. Бидејќи не содржат заситени масти, тие можат да се додадат во секоја диета со малку маснотии за оптимално здравје на кардиоваскуларниот систем.
Го подобруваат здравјето на дигестивниот систем
Благодарение на изобилството на вода и влакна присутни во ова вкусно овошје, консумирањето праски може да помогне во борбата против запек. Вклучувањето во исхраната помага да се испразнат нечистотиите што се собираат по должината на цревата, предизвикувајќи секакви проблеми како што се грчеви во стомакот и гихт. Влакната во праските помагаат и во намалување на ризикот од развој на рак на дебелото црево.
Консумирањето праски помага во борбата против воспалението
Разните воспаленија во телото можат да доведесат до еден куп проблеми. Некои од нив предизвиклуваат: рак, срцеви заболувања, остеопороза, артритис, дебелина и дијабетес. Внесувањето антиоксиданти во исхраната помага да се запре воспалението што веќе се случува во организмот. Некои од добрите и ефикасните извори на антиоксиданти се праските.
Високиот процент на калиум во ова овошје е одговорен за превенција од болести на бубрезите, како и за превенција од чир на желудник.




0 Comments