Дали има нешто поинтимно од внесувањето храна во нашето тело?
Однсувањето кон храната и начинот на приготвувањето на храната, во голема мера влијае само
на нашето здравје, расположение и на нашиот целокупен живот.
Старите јогини храната обрнувале големо внимание на овој извор на енергија.
За жал, ова е нешто што денес го забораваме, често јадејчи од нозе, во брзање, дури и без да
размислуваме што има на нашата чинија и што внесуваме во сопственото тело.
Додека јадеш биди целосно посвететен на храната
Кога се јаде треба целосно да се посветиме на тоа. Постои мудра Зен изрека: „Кога одиш, оди.
Кога јадеш, јади “. Постои правило дека секогаш јадеме седејќи (не од нозе), без непотребни
разговори и активности кои ни го отргнуваат вниманието од храната – без разлика дали станува
збор за весник, ТВ или мобилен телефон. Целосен фокус на храна е важен фактор за да може
навремено да го препознаеме чувството на исполнетост.
Нашите оброци се состојат од чиста, сатвичка храна
Јадеме храна која е полна со прана и животна енергија со што се зголемува виталноста,
здравјето, радоста, мирот во умот, силата и издржливоста. Со ваква храна, јогините можат
интензивно да вежбаат без на крај да се чувствуваат уморни. Под чиста храна подразбираме-
интегрални житарки и мешунки, семиња и ореви, свежо и суво овошје и лиснат, туберозен и
коренест зеленчук.
Дишеме длабоко додека јадеме и не јадеме кога сме лути
Пред да започнеме со оброкот, неколку пати длабоко вдишуваме и издишуваме. За време на
целиот обред продолжуваме да дишеме бавно и длабоко, уќивајќи во секој залак, мирис и вкус.
Погледот ни е во чинијата, набудувајќи ги боите и текстурата. За цело време чувствуваме
благодарност за храната што ја имаме пред нас. Многу е важно да не сме вознемирени и лути
додека јадеме.
Последно правило „чекаме да се излади храната “ и потоа јадеме
Седнуваме секогаш на маса со мирен ум, јадеме полека и добро го соџвакуваме секој залак.
Е вака, на овој начин јадат јогините 🙂
0 Comments