fbpx
Ајурведка портокалова супа за менување на карма
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведка портокалова супа за менување на карма

Ајурведка портокалова супа за менување на карма

by | Сеп 16, 2020 | 0 comments

 

Традиционално, портокаловата или шафранската боја го симболизира огнот на одрекувањето што
ги согорува кармичките последици од минатите животи.

Во оваа пенлива супа, сокот од портокал и свежото нане го омекнуваат силниот и сочен вкус на
морковот.

Потребни состојки за 4-6 лица:

25 гр кокосово масло или путер
600 гр рендан морков
500 мл вода
500 мл сок од портокал
Хималајска сол и црн пипер
2 лажици исечкана свежо нане и наросете Кардамом

Подготовка:
Загрејте го путерот или кокосовото масло во голема шерпа, додајте ги морковите и оставете ги да
се динстаат додека не омекнат малку. Додадете ја водата, па оставете ја да се крчка, половина покриена, на тивок оган околу 20 минути. Тргнете го од оган, оставете малку да се излади.
Истурете ја супата од морков во миксер, додадете сок од портокал и мешајте додека смесата не
се изедначи. Ако немате миксер, морковите можете да ги исцедите преку цедалка.
Вратете ја супата во тавата, додадете сол и црн пипер по вкус, па повторно ставете да зоврие. На крајот исецкајте нане и вака добро издекорирана ја ставаме во чинија.

*На здравје*

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...