Препораки од НС Шри Шри Рави Шанкар основач на Фондацијата Арт оф Ливинг и најстарата ајурведска школа.
Дали знаете, дека две лажици шеќер содржат 10 кгр. непреработена шеќерна репка? А ние јадеме толку многу лажици шеќер дневно. Сега, ако јадеме толку многу шеќер без вежбање, без да се потроши, без да се согори, како може телото тоа да го издржи?
Луѓето над четириесет години добиваат остеопороза, имаат болки во зглобовите и губење на калциум во коските. Сето ова се должи на белиот шеќер. Дали знаете дека белиот шеќер влијае негативно на преку 400 функции во нашето тело и нашето здравје.
Ако јадете шеќер, треба соодветно да вежбате. Болести како дијабетес доаѓаат затоа што не сме обрнале внимание на храната. Мора да се грижите за навиките во исхраната. Кога ќе го направите тоа, ќе поќувствувате голема разлика во вашиот живот.
Престанете да употребувате бел шеќер и наместо тоа користете мед или природна замена. Повеќето природни засладувачи содржат: цинк, магнезиум, калиум и други минерали, кои помагаат во зајакнување на организмот, генерираат крв и го поттикнуваат растот на здрави клетки. Белиот шеќер содржи сулфур кој го исцедува калциумот во организмот, поради што луѓето добиваат болести како остеопорозата.
Затоа, престанете да јадете слатки што содржат бел шеќер и јадете слатки што се направени од преработени суровини. Тогаш ќе видите дека вашето здравје ќе биде добро.
0 Comments