Ајурведски зимница за добра работа на срцето и воспаленијата во телото
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски зимница за добра работа на срцето и воспаленијата во телото

Ајурведски зимница за добра работа на срцето и воспаленијата во телото

by | Сеп 25, 2020 | 0 comments

Ајурведски лек за добра работа на срцето и намалување на воспалителните процеси

Свежиот домат не многу често се препорачува за консумација во ајурведата. Но припремен на овој начин ќе добиете вкусна закуска преку зимата, а ќе го подобрите вашето здравје.

Потребни состојки:
15 до 20 сушени домати
1 лажица мајчина душица
3 чешниња лук
1 лажица свеж сецкан рузмарин
250 мл маслиново масло
1 лажица кафеав шеќер
малку хималајска сол
црн пипер

Подготовка:
Најпрво ги миете доматите и ги сечете на половина или зависно од големината на
кружни парчиња со дебелина од 1см. Ја загреваме рерната на 100%. Го подготвуваме плехот за печење
во рерната со фолија и внимателно ги поставуваме во плехот така што, да не се допираат едни
со други. Ги наросувате со маслиново масло, со шеќер, црн пипер, сол, мајчина душица и рузмарин.
Во загреана рерна ги сушиме доматите добри 2 часа. Најдобро е прво да започнете со пониска
температура од околу 50 степени, а потоа да ја зголемите подоцна. По два часа ќе ја исклучиме
рерната и ќе ги оставиме таму на топлина следните половина час.
Потоа сувите домати ги ставете во длабок сад. Истурете маслиново масло врз нив, посипете ги
со шеќер, црн пипер, сол, мајчина душица и рузмарин, повторно. Дозата може да се зголеми, така да на
100 парчиња сушен домат додаваме, 1,5 литар маслиново масло, 4 лажици мајчина душица,
12 чешниња лук, 4 лажици свеж сецкан рузмарин, 4 лажици кафен шеќер, 2 мали лажици хималајска  сол и
1/2 мала лажица црн пипер. Ги оставате во садот сушените домати, маслиновото масло и сите зачини
и додатоци да одстојат некое време додека ги подготвите теглите. Теглите се мијат во топла вода
и се оставаат да се исушат во топла рерна или на не многу силно сонце. Кога и доматите и теглите се подготвени,
продолжувате понатаму со пакување на смесата. Во чиста тегла, стваете малку сол и црн пипер на
дното, а потоа наредете ги целите чешниња лук и мајчина душица. Следното што не чека е да ги
распоредиме ситно сушените домати во теглите, ги посипуваме со маслиново масло и убаво ги
затвараме со капаци. Ги оставаме да одстојат две до три недели. Потоа секојдневно консумираме
една до две лажици пред ручек или во салата, а одстоениот маслинов сушен домат едно до две
парчиња за време на оброкот. Резултатите од редовно земање маслени суви домати се
зачудувачки. Вкусот и мирисот создаваат зависност, а декорирањето на свежите салати со ова
масло со додатоци е даваат светски шмек и изглед на вашата трпеза.
Бидејќи не содржат конзерванси рок за употреба на сувите домати чувани во масло е 6 месеци, ако ги чувате во фрижидер.

НА ЗДРАВЈЕ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...