Бадемовото масло можете да го користите и како маска за лице. Овој препарат е познат по тоа што многу лесно ги отстранува сите нечистотии и мртвите клетки од кожата на лицето, кои се предизвикани од надворешни фактори како што се: загадување, нечистотија, прашина, пот, итн. Бидејќи многу лесно продира во порите на кожата, ги отстранува акните, мозолчињата и црните точки, а спречува нивно повторно појавување.
За да направите маска за лице, потребни ви се:
1 лажичка масло од бадем,
1 лажица мед и
1 лажица исцеден сок од лимон.
Добро измешајте ги сите состојки за да формирате смеса како паста. Потоа нанесете го со прстите на лицето. Бидете внимателни да не доајде во контакт со очите. Најдобро е да ставите маска што содржи бадемово масло наутро или навечер пред спиење и потребно е да ја оставите најмалку 30 минути, по што е доволно да се измиете со топла вода.
Доколку пигментацијата е јака на вашата кожа можете да додадете неколку капки нимово масло и куркума.
0 Comments