Одличен е при болки во грлото, период кога ви е потребно повеќе концентрација, ја намалува мачнината, подига енергија и намалува стрес.
Особено се препорачува во период на долгата есен и зима
Солен лимон:
– 1 кг лимон
– 400 гр морска или хималајска сол
– 3 лажици коријандер
– 3-4 чешниња лук /опционално/
– 2 кесички црн пипер
– 1 кесичка цимет
– 4 лисја лорбер
– 2 лажици мајчина душица
– прстофат кардамом
– прстофат каранфилче
* Измешајте ги зачините со сол и пополнете ги четвртинките лимон. Се редат во тегли што е можно погусти. Ова е количина за две тегли од килограм. Пополнете ги празнините со сол, затворете ги и оставете ги до следниот ден. Лимонот ќе ја ослободи течноста, а ако не е доволно, додадете зовриена изладена вода и затворете ги теглите. По еден месец, ќе добиете солен зачин за супи, рижото, риби, маринади и сите чорби за кои, патем, користите лимон.
0 Comments