Нутриционистите сметаат дека луѓето не се доволно запознаени со лековитите својства на оревот и колку лисјата, јатките и плодовите од оревот помагаат при лекување на многу болести.
Младите ореви се одлични прочистувачи на крв, помагаат при лекување на белодробни заболувања, цревна катара, зајакнување на мускулите, како мелем кај рани и егзема, кожни болести, воспаленија на очите, за нега на косата, маслото од орев нанесено на телот штити да не дојде до изгореници од сонце.
Јадрото на оревот содржи 65% масло, протеини, јаглени хидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц, железо … Затоа е исклучителен детоксикатор, секретолитик, лаксатив и антидијабетик.
Листот содржи жолтеникаво есенцијално масло, танин, супстанци со зачинет и горчлив вкус. Обично се собира во јуни и јули додека дрвото и плодовите се свежи и зелени.
Особено е ефикасен чај од млад лист од орев, кој со додавање на мед го зајакнува и чисти организмот и го подобрува здравјето. Се користи кога имаме дигестивни проблеми, гихт, крварење на заби и заболувања на непцата, гнојни осипи, прекумерно потење на стапалата и проблеми со вагинален исцедок кај жените.
Младите, зелени ореви се богати со витамин Ц. Тие се ставаат во мед да одстојат и се даваат на болни, слаби деца и анемични лица.
Зрелите плодови имаат многу масло и се јадат сурови или варени. Тие се одличен извор на омега-3 масни киселини, поради што успешно го намалуваат холестеролот во крвта.
Лисја од орев отстранува прекумерно потење на нозете
Потопете пет лажици сецкани лисја од орев и кора од даб во два литра вода. Ставете во врела вода и варете десет минути. Кога содржината е млака, измијте ги нозете во неа. По миењето, не ги бришете, туку оставете ги да се исушат во воздухот.
0 Comments