fbpx
Ајурведски трик – зајакни го влакното на косата
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – зајакни го влакното на косата

Ајурведски трик – зајакни го влакното на косата

by | Окт 14, 2020 | 0 comments

Нутриционистите сметаат дека луѓето не се доволно запознаени со лековитите својства на оревот и колку лисјата, јатките и плодовите од оревот помагаат при лекување на многу болести.

Младите ореви се одлични прочистувачи на крв, помагаат при лекување на белодробни заболувања, цревна катара, зајакнување на мускулите, како мелем кај рани и егзема, кожни болести, воспаленија на очите, за нега на косата, маслото од орев нанесено на телот штити да не дојде до изгореници од сонце.

Јадрото на оревот содржи 65% масло, протеини, јаглени хидрати, фосфор, калиум, магнезиум, витамини Б и Ц, железо … Затоа е исклучителен детоксикатор, секретолитик, лаксатив и антидијабетик.

Листот содржи жолтеникаво есенцијално масло, танин, супстанци со зачинет и горчлив вкус. Обично се собира во јуни и јули додека дрвото и плодовите се свежи и зелени.

Особено е ефикасен чај од млад лист од орев, кој со додавање на мед го зајакнува и чисти организмот и го подобрува здравјето. Се користи кога имаме дигестивни проблеми, гихт, крварење на заби и заболувања на непцата, гнојни осипи, прекумерно потење на стапалата и проблеми со вагинален исцедок кај жените.

Младите, зелени ореви се богати со витамин Ц. Тие се ставаат во мед да одстојат и се даваат на болни, слаби деца и анемични лица.

Зрелите плодови имаат многу масло и се јадат сурови или варени. Тие се одличен извор на омега-3 масни киселини, поради што успешно го намалуваат холестеролот во крвта.

Оревот помага за зајакнување на косата

Во мелница за ореви, мелете десет лажици јадра од орев, а потоа ставете ги во 1 литар  алкохол. Цврсто затворете го шишето и чувајте го на топло место две недели. Масирајте го скалпот со оваа течност секоја вечер и потоа исушете го.

 

Многу добри резултати се постигнува кога се комбинаира со нашиот лосион за раст на коса кој во својот состав го содржи ова масло од природен орев.

 

Органски ајурведски серум за коса

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...