Халди – млеко Сидха со куркума
Од памтивек, млекото со зачини и билки се користело во Ајурведа како здрав, лековит пијалок, таквото млеко е познато како Сидха Дагдам.
Сидха на санскритски значи „совршен“, а дагдам значи „млеко“.
Во ајурведската медицина е високо ценето бидејќи го храни телото, ја смирува емоционалната напнатост и помага при рамнотежата на секој тип на тело.
Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко стимулира и витална енергија – оџас.
Според Ајурведата, оџасот дава сила, ги зајакнува имунитетот и дигестивниот систем и го буди чувството на среќа и задоволство.
Со цел да се подготви млекото на здрав начин, важно е да го пиете топло и зовриено.
Со варење млекото ја менува својата структура со што ја олеснува дигестијата, особено за типот кафа, кој инаку има побавен дигестивен систем.
За кого е наменето Сидха Дагдам
Поради своите лековити својства и хранливи материи, овој пијалок е особено препорачлив за луѓе чие тело е истоштено и слабо.
Ја враќа имунолошката отпорност на организмот и јачината на варењето, со што го штити од разни болести.
Исто така се препорачува за луѓе кои страдаат од нарушена кафа доша, кои вклучуваат кашлица, зголемена секреција, опструкција на синус или бронхијални инфекции.
Ајурведата советува да пиете млеко навечер поради неговите смирувачки и дигестивни својства, што поттикнува мирен и длабок сон и здраво утринско варење.
Куркумата со своите моќни состојки го зајакнува имунитетот, го подобрува здравјето на срцето и го намалува ризикот од настинка, грип и други инфекции.
Млекото од куркума му помага на телото да се одбрани од непријатни вируси и е одлично за ублажување на акутни нарушувања на кафа-пита кои се поврзани со грлото и белите дробови, како што се тонзилитис, фарингитис, ларингитис и засипнатост.
Рецепт:
250 мл свежо млеко /доколку сте веган може и билно млеко/
1 лажичка оргнаска куркума
прстофат Кардамом
Најпрвин млекото треба да зоврие, а потоа да се вари на тивок оган уште 5-10 минути заедно со билките и зачините.
Пијте го топло.




0 Comments