fbpx
Ајурведски трик – подобри го имунитетот со млеко и црн пипер
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – подобри го имунитетот со млеко и црн пипер

Ајурведски трик – подобри го имунитетот со млеко и црн пипер

by | Окт 20, 2020 | 0 comments

 

Каали мирч – Сидха млеко со црн пипер

Од памтивек, млекото со зачини и билки се користело во Ајурведа како здрав, лековит пијалок, таквото млеко е познато како Сидха Дагдам.

Сидха на санскритски значи „совршен“, а дагдам значи „млеко“.

Во ајурведската медицина е високо ценето бидејќи го храни телото, ја смирува емоционалната напнатост и помага при рамнотежата на секој тип на тело.

Покрај многуте придобивки за здравјето и убавината, ова млеко стимулира и витална енергија – оџас.

Според Ајурведата, оџасот дава сила, ги зајакнува имунитетот и дигестивниот систем и го буди чувството на среќа и задоволство.

Со цел да се подготви млекото на здрав начин, важно е да го пиете топло и зовриено.

Со варење млекото ја менува својата структура со што ја олеснува дигестијата, особено за типот кафа, кој инаку има побавен дигестивен систем.

За кого е наменето Сидха Дагдам

Поради своите лековити својства и хранливи материи, овој пијалок е особено препорачлив за луѓе чие тело е истоштено и слабо.

Ја враќа имунолошката отпорност на организмот и јачината на варењето, со што го штити од разни болести.

Исто така се препорачува за луѓе кои страдаат од нарушена кафа доша, кои вклучуваат кашлица, зголемена секреција, опструкција на синус или бронхијални инфекции.

Ајурведата советува да пиете млеко навечер поради неговите смирувачки и дигестивни својства, што поттикнува мирен и длабок сон и здраво утринско варење.

Овој пијалок е добар за исфрлање на ама (токсини) од црниот дроб и жолчното кесе. Ја поттикнува стагнацијата на лимфниот систем предизвикани од нарушување на кафата.

Млекото со црн пипер ја зголемува работата на метаболизмот, спречува акумулација на маснотии во организмот и го зголемува нивото на добар холестерол.

 

Рецепт:

250 мл свежо млеко /доколку сте веган може и билно млеко/

1 лажичка оргнаска куркума

прстофат црн пипер

Најпрвин млекото треба да зоврие, а потоа да се вари на тивок оган уште 5-10 минути заедно со билките и зачините.

Пијте го топло.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...