Правилната исхрана е најважна за здрав црн дроб и здраво тело:
– Јаболката го стимулираат правилното функционирање на црниот дроб и го чистат организмот.
– Аспарагусот помага преку урината да го исчисти телото природно од токсини.
– Киноа, леќата и житарките од просо ја олеснуваат работата на црниот дроб.
– Авокадото содржи и глутамин, кој му помага на црниот дроб да ги отстрани токсините.
– Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен, со што го поддржуваат црниот
дроб и неговата функција.
– Прокељот е богат извор на сулфур и антиоксиданс глукозинолат, со што го стимулира црниот
дроб да произведува ензими кои спречуваат оштетување предизвикано од токсини.
– Зелката го олеснува производството на есенцијални супстанции кои го стимулираат
производството на ензими за детоксикација.
– Брокулата и карфиолот содржат и глукозинолат, антиоксиданс кој произведува ензими за
елиминирање на токсините.
– Коренот од глуварче е одличен за подготовка чај кој му помага на црниот дроб да ги разградува
мастите (аминокиселина).
– Лукот е извор на сулфур, алицин и селен, со што е од голема помаош за чистење на црниот дроб
од токсини.
– Лимонот и лиметата содржат многу витамин Ц, витамин кој го стимулира црниот дроб и ги
претвора токсините во супстанции кои полесно се раствораат во вода.
– Грејпфрутот е извор на витамин Ц, глутамин и антиоксиданти, тие заедно го стимулираат
производството на ензими, состојки кои го во голема мера го ослободуваат организмот од
токсини, вклучувајќи канцерогени состојки.
– Маслиновото масло го поддржува здравјето на црниот дроб и помага да се произведе база што
апсорбира токсини.
– Спанаќот е уште еден одличен извор на глутамин.
– Доматот содржи ликопен кој го штити организмот од некои видови на рак.
– Куркумата е лек кој го стимулира производството на ензими за детоксикација.
– Оревите содржат големи количини на омега 3 масни киселини, глутатион и амино киселини,
потпомагачи во процесот на чистење на црниот дроб и исфрлање на вишокот амонијак од телото.
Не присилувајте се – следете го природниот проток и обидете се да го следите патот на јадење
здрава храна, која ќе му помогне на телото да се исчисти на природен начин, а не да го присилува телото да се чисти со некои неприродни начини. Многу е важно да се ослободите од несаканите
токсини од телото, но тоа најдобро може да се постигне со здрава и долгорочна диетална храна.
Добро резултати се постигнуваат кога редовно се користи Трифала
0 Comments