Добар индикатор за здрав јазик е благо розова боја на јазикот без темни црвени, жолти или бели дисколорации. Но, ако најдете бел слој што покрива дел од јазикот или целиот јазик, тогаш тоа е показател дека во телото е насобрано голема количина на отрови или ама. Показателот на скрама на јазикот не мора но може да биде алармантно. Овој слој е мешавина од бактерии, мртви клетки и остатоци од храна.
Редовната хигиена на усната шуплина, која вклучува миење на забите и чистењето на јазикот со бакарен чистач и чистење со помош на специјално ајурведско масло за жабуркање, може да помогне во решавањето на проблемот.
Некои бактерии се и корисни
Во секое време, во устата имаме околу 20 милиони бактерии. Тие се состојат од околу 1000 познати видови и за никој од нив се смета дека предизвикуваат лош здив или каков било друг здравствен проблем.
Всушност, одредена мешавина на бактерии на јазикот и во устата создава здрава околина. Грам-позитивни и грам-негативни бактерии главно се наоѓаат на нашиот јазик и уста. Грам-позитивни бактерии се наоѓаат во плаките, додека грам-негативните бактерии се наоѓаат во јамите на јазикот.
Одредени лоши бактерии можат да создадат лош здив
Некои бактерии можат да имаат негативен ефект врз нашето орално здравје. Постојат четири типа на бактерии кои создаваат халитоза или лош здив. Познати се како грам-негативни анаеробни бактерии кои создаваат соединение кое се претвора во сулфурен биопродукт – една од водечките причини за лош здив
. Овие бактерии можат да живеат каде било во нашата уста, на нашиот јазик и во плаките. Четкањето на забите и јазикот двапати на ден може да помогне во намалување на овој ефект.
Добри ефекти се постугнуваат со комбинирано утринско жабуркање со ајурведско масло на устата.
0 Comments