Дали знаевте дека куркумата има својства што ги балансираат 3-те доши?
Напролет или наесен кога времете е сe уште ладно или имаме мало течење на носот или алергија направете носна инфузија со куркума или редовно користете насја масло.
Исто така многу е добро во оваа сезона кога е потопло, да додадете куркума во билните сокови и смути мала количина куркума.
Но, нема потреба од претерување во количеатвото на земање.
За да се збогувате со мукусот – слузта во телото, избегнувајте ја оваа храна и вкусови: слатките, киселите и солените, сладолед, ладни пијалоци и млечните ферментирани производи.
Ова е добра сезона да се осврнете на билните млечни производи, бидејќи животинските млечни производи создаваат киселост. Најпогодно млеко е бадемовото.
Направете си портокалов намаз кој се прави: со мешање на еднакви делови органска мелена куркума, свеж ѓумбир, семки од сончоглед, малку хималајска сол и црн пипер, кој е вистински дар од Бога како додадок во секое јадење.
Уживајте во сезоната без кивање 🙂
И не припремајте чај од ѓумбир и куркума од денес до утре, туку секогаш свежо прирпемен!
Еве го рецептот:
1/4 лажиче оргнаска куркума
свеж ѓумбир по вкус (ако сте пита доша помало количество).
едено лажиче ги или кокосово масло /како подлога за активирање на состојките/.
Прстофат црн пипер за активирање на куркумата.
Ставете ги зачините во тенџере на оган со 500 мл вода и варете 3 до 5 минути. Тргнете го од оган, додадете го маслото и уживајте ~
0 Comments