Жолт јазик – симптоми и причини
Човечкото тело е навистина совршено. Кога нешто не е во ред, пред да настане некое посериозно заболување телото испраќа сигнали за да знаеме дека нешто не е во ред.
Бидејќи здравиот јазик е розов, знаеме дека појавата на друга боја на неа треба да биде аларм дека нешто не е во ред во нашето тело. Ова ајурвеата го препознала многу одамна и затоа е еден вид од целосната дијагностика на телото. Во повеќето случаи, жолтиот јазик не предизвикува голема загриженост и обично е резултат на лоша хигиена на усната шуплина, бидејќи остатоците од храна и бактериите се собираат на папилите на јазикот. Ако папилите се зголемат, бактериите во устата можат да создадат обоени пигменти и да се населат во голем број.
Причините за жолт јазик можат да бидат различни.
Можни причини се:
дишење на уста / сува уста може да се појави кога во устата има несоодветно производство на плунка што би ги елиминирало бактериите; дишење na уста при спиење – исто така може да доведе до сувост;
географски јазик – се појавува кога на јазикот му недостасуваат папили;
бизмут – секој лек што содржи бизмут може да ја промени бојата на јазикот.
недоволна хидрираност на телото
недостиг на некои важни компоненти во телото
Жолтитот слој на јазикот може да биде показател за жолтица или премногу билирубин во телото.
Како да си помогнетете и да ги превенирате посериозните заболувања?
Ајурведата препорачува неколку методи за чистење на телото од ама, а еден од нив е жабуркање на масло во устата.
Овој метод за отстранувањето на токсичните материи (ама) од телото се постигнува со дневно жабуркање лековито масло во усната шуплина.
После тоа, не треба да го проголтате маслото, туку треба да го плукнете, а потоа добро да ја исплакнете устата.
Таквата постапка му овозможува на телото да се избори против секоја болест, без никакви несакани ефекти и вообичаени нуспојави по употреба на јаки лекови.
Употреба на бакарна стругалка за јазикот, првата работа наутро, пред да ги четкате и измиете забите, е одличен начин за брзо отстранување на токсините и бактериите кои се акумулираат во устата додека спиете.
Се користи за да се подобри не само вашиот здив и целокупното орално здравје, туку и вашето варење.
Тоа е затоа што говорот е поврзан со јазикот, а и со сетилото за вкус, а вкусот е првиот чекор во процесот на дигестивниот процес.




0 Comments