Важно е да знаете како да разликувате диви од домашни костени, бидејќи дивите костени не се јадат. Без оглед на тоа, од него се прават разни тинктури и креми, бидејќи исто така е многу лековити. Дивиот костен се користи како лек за проблеми со проширени вени и испукани капилари, хемороиди, болна менструација и зголемена простата.
Состојки:
Диви костени
90% алкохол
Платно
Стаклен сад
Подготовка:
Најпрвин убаво се толчат костените. Се полнат садовите со оваа смеса и се поливаат со алкохолот. Теглите се затвараат и се прекриваат со платното.
Отстојува 4 недели на темно место. Тинктурата потоа се процедува и се флашира. Заболените места се масираат најмалку 3 пати во текот на денот, а по потреба и повеќе.
Посакуваме добро здравје 🙂




0 Comments