Ајурведата е една од најстарите форми на медицина во Индија. Постоела уште од настанувањето на животот на површината на овој свет, во несистематизирана форма. Систематизираното знаење за Ајурведата настанало илјадници години пред Христа (пр.н.е.).
Од единственото „кога пробав сè друго и ништо не ми помогна“ до „тоа е наука за лесно уверливи“ – ајурведата има се повеќе следбеници на Запад. Таа веќе не е прашање на тоа дали веруваме или не, туку филозофија на животот.
Најчестите митови и поими за Ајурведата.
Ајурведа е наука заснована на истражување
Најчесто неверниците ја отфрлаат Ајурведата дека не е наука заснована на истражување поради нејзиното старо опстојување со повеќе од 5000 години. Всушност, Ајурведата е наука базирана на истражување и следните докази ќе го докажат тоа:
Во обид да се категоризираат и истражат компонентите на телото, дисекцијата на телото е темелно опишана во Сушрут Самхита. Да, Сушрут Самхита, ајурведски текст за медицина и хирургија од 1 милениум п.н.е. опишува дисекции на телото, хирургија на катаракта покрај другите операции.
Ајурведата е ограничена на хербалната наука
Ајурведата преферира минерални производи како: злато, сребро, дијамант, бакар, железо, сулфур, стипса, цинк, олово, калај и така натаму кои по темелно прочистување, тритурација се претвораат во Басмас, кои сè уште не се докажале како штетни. Освен овие минерали, се користат и многу производи од животинско потекло, како што се ги масло, путер, животинска урина, рогови и кожа, месо – овчо месо, корал, бисер итн. Тие се користат како лекови онаму каде што е потребно. Иако многумина велат дека само хербалните лекови се употебуваа тоа покажува дека се употребуваат скоро сите природни намирници.
На Ајурведа и треба подолго време да биде ефективна
Не сите ајурведски третмани и суплементи кои с екористат им треба долго време за да бидат ефективни. За разлика од современите техники и масажи, Ајурведата не само што ги лекува симптомите, туку и основната причина за болеста. Понекогаш е потребно подолго време, поради што пациентите се определуваат за модерни и хемиски третмани, кои откако ќе бидат неефикасни во лекувањето на болеста, страдаат долго време и барајќи го спасот се враќаат кон ајурведата..
Не секој што практикува Ајурведа е и добар експерт во својата област
На факултетите за ајурведска медицина има сеопфатна програма за дипломирање и цертифицирање која е предуслов за рано дијагностицирање и лекување според древните рептури.
0 Comments