Шафран (крокус сативус) е зачин што се користел уште од дамнешни времиња. Многу одамна, пред векови, шафранот бил достапен само за членови на кралските семејства и аристократи, бидејќи бил редок, а со самото тоа и многу скап. Денес, иако е сè уште прилично скап, тој е пошироко достапен за масите. Во нашта кујна не е многу застапен но кај нас го имаме во форма на шафраново инфузирано ладно цедено масло, кое на многу лесен начин се додава во секое јадење и третман на телото.
Потребно ни е:
1 чаша ориз /по избор/
3 лажици шафраново масло
1 лажичка куркума
3 лажици масло ги
сол и кардамом по вкус
Најпрвин ставете ги во садот за приготвување и запржето го малку оризот, тоа ќе му даде тврдина на самото зрно ориз. Додадете ја куркумата и малку запжете ја со цел да ги отпушти своите својства. Додаете малку црн пипер и потоа 3 чаши вода и почнете да варите на умерен оган. На крајот прелијте со 3 лажици шафраново масло. По вкус додадете и свеж сезонски зеленчук во јадењето.
Пријатен оброк 🙂
0 Comments