Многу аспекти на ајурведската медицина имаат духовна, практична, како и возвишена цел. Црвената точка која се нанесува честопати е симболично поставена на челото на човекот, помеѓу очите (честопати се нарекува „трето око“), како благослов за будење на нечија внатрешна мудрост.
Дали ја знаете дека по внесувањето од само неколку минути делува на крвното ткиво во телото (наречено ракта дату) на начин што спречува и лекува главоболки? Шафранот дополнително се користи за да помогне при повраќање.
Шафранот кога е нанесен на кожата, го подобрува тенот и служи како клучна состојка во многу природни ајурведски билки за убавина. Шафранот е многу корисен кај луѓето со мрсната кожа и коса, а се употребува и во храна кај бремените жени со цел да се обезбеди бебињата да имаат добра и здрава кожа од самиот почеток. Овој зачин се смета дека има посебни својства за прочистување на крвта што ја прави убава вашата кожа од внатре кон надвор.
Оваа билка има убава арома. Луѓето го споредуваат неговиот мирис со многу работикако: свежа земја, новокосено сено, златен тутун или див мед.
Како да си подговите млеко со шафран:
Варете млеко /по избор, а може и билно млеко/ со кафеав шеќер и додадете во него една лажичка инфузирано шафраново масло. За да овој рецепт биде уште поздрав наросете малку органска куркума. Овој здрав и разубавувачки рецепт практикувајте го наутро или навечер (најмалку три часа по оброк).
0 Comments