Хранлив ајурведски рецепт особено погоден за Вата и Пита доши во зимската сезона
Состојки:
– 2-3 големи слатки компири
– 1/4 лажичка семе од ким или во прав
– 1/4 кафена лажичка коријандер во прав
– 1/2 кафена лажичка анасон
– 1 лажичка свеж ѓумбир
– 1-2 чешниња лук (по избор)
– 1/2 лажичка куркума
– 1/2 кокосово млеко (по избор)
– 4-5 бадеми или црвена леќа (по избор)
– 2 лажици маслиново масло
– 1 лажичка ги масло (растопен путер)
Како да се подготви:
– Излупете и ситно исечете го лукот и ѓумбирот.
– Излупете и исечете го компирот на големи парчиња.
– Во голем сад истурете го ги маслото и маслиновото масло. Додадете семе од ким и пропржете 1-2 минути.
– Заруменете го лукот и ѓумбирот. Додадете мелен коријандер и куркума.
Во тавата додадете црвена леќа или бадеми (доколку ги користите). Измешајте.
– Додадете го слаткиот компир со доволно вода за да го покриете зеленчукот.
– Варете тивко, покриено со капак, сè додека не постигнете конзистентност.
– Намалете го огнот.
– Измешајте го кокосовото млеко во супата. Потоа изблендирајте ја супата со блендер сè додека не добиете кремаста смеса.
– Послужете ја супата топла со сол / црн пипер по вкус и попрскајте ги масло одозгоре.
Пријатен оброк!
0 Comments