fbpx
Ајурведски совети како да престанете да јадете на нервна база!
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски совети како да престанете да јадете на нервна база!

Ајурведски совети како да престанете да јадете на нервна база!

by | Фев 11, 2021 | 0 comments

 

Честопати се случува да се прејадеме и секој пат причината е различна, но речиси никогаш бидејќи сме биле гладни. Стресот и емоциите го зголемуваат движењето на ватата во телото, а таа, пак, го стимулира вашето агни, односно создава лажно чувство на глад. Во овие моменти, мошне важно е да се запрашате за што се гладни вашето тело и ум.

Потребата за нов оброк се јавува само кога претходниот е добро сварен и оваа потреба за храна доаѓа во исто време секој ден. Кога вистински сте гладни, вашиот стомак е празен, лесен, а вашиот јазик е чист. Јадете само кога апетитот ви се зголемува и по долга прошетка.

Како да го надминете јадењето на нервна база?

Прошетајте: дивиот нагон за јадење лесно се скротува со 20-минутна прошетка, свеж воздух и смирен ум.

 Дајте им глас на вашите чувства: од исклучителна важност е да се прочистите од застојаната енергија која ја врзувате поради страв, срам и несигурност. Чакра манипура се наоѓа околу папокот во близина на плексусот и е извор на лична моќ и управува со самодовербата, моќта на трансформацијата но, исто така го контролира и вашиот метаболизам и дигестија. Затоа дозволете си исполнет живот со тоа што отворено ќе ги покажете вашите чувства.

Јога и медитација: во с’ржта на јогата и медитацијата се наоѓа рамнотежата. Во вас лежи многу поголема сила од онаа која си ја препишувате.

Испијте голема количина топла вода, можеби телото е жедно, а не гладно!

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...