Јагодата го зајакнува имунитетот и помага во борбата против разни инфекции и болести. Го поттикнува здравјето на срцето и помага во намалување на високиот холестерол, благодарение на антиоксидантните својства. Според Ајурведата, јагодата може да биде корисна при запек благодарение на нејзините ребалансирачки и лаксативни својства на Вата дошата. Смутито од јагода е вкусно кремасто смути, спакувано со богат вкус на јагода.
Состојки:
-1 чаша чисти и сецкани јагоди /ако се замрзнати, одмрзенете ги/
-½ шолја кокосово / оризово / овесно / бадемово млеко
-1 банана
Инструкции:
-Исечете ги јагодите и додадете ги во блендер или миксер.
-Додадете 1 сечкана банана.
-Додадете ½ чаша растително млеко
-Ако сакате, можете да додадете засладувач како што е сируп од агава, џагари, кокосов шеќер или мед. За да го збогатите вкусот додаете кардамом.
-Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
-Сервирајте во чаши и послужете го смудито со јагоди.
Њам …. Њам ….
0 Comments