fbpx
Колку сте запознати со поимот зоотерапија – терапија со миленичиња?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Колку сте запознати со поимот зоотерапија – терапија со миленичиња?

Колку сте запознати со поимот зоотерапија – терапија со миленичиња?

by | Апр 9, 2021 | 0 comments

Тоа е релативно нова
практика, се повеќе прифатена низ целиот свет.
Што е зоотерапија?
Зоотерапија не значи лекување на одредена болест, хендикеп или кој било друг здравствен
проблем, туку подобрување на општата состојба на пациентот преку друштво со милениче.
Во оваа смисла, грижата на животните, друштво на миленик се користи како:
-додаток на традиционалните методи на лекување
-подобрување на квалитетот на животот
-намалување на стрес и вознемиреност предизвикани од тешки ситуации
-подигање на морал на пациентот
-помош при социјализација и осаменост, отварање кон другите;
-сите овие фактори заедно доведуваат до психо, физичко заздравување на една личност
Зоотерапија е применлива во голем број случаи, како што се:
-луѓе кои страдаат од ментална болест;
-деца со аутизам;
-деца жртви на злоупотреба;
-деца кои страдаат од разни форми на нарушувања во однесувањето;
-хоспитализирани лица, без оглед на возраста;
-лица во рехабилитација;
-постари лица кои страдаат од хронични болести или проблеми со меморијата;
-хендикепирани лица;
Кои резултати може да се очекуваат?
Позитивните аспекти на долгорочните ефекти на овој вид терапија се забележуваат особено кај
деца кои страдаат од аутизам. Тие деца развиваат силна врска со животното, со што им се дава
можност да се отворат и да остваруваат контакти со другите луѓе околу себе. Се развива
социјалниот момент кај луѓето кои се во депресија. Тие најчесто се затвараат во својот дом и
стануваат асоцијални. Обврската да го прошетаат своето милениче, ги приморува да излегуваат
надвор и да се во котакт со надворешниот свет. Осамените луѓе добиваат добро друштво и многу
љубов, а неодговорните деца може лесно да се научат на обврски и одговорности водејќи грижа
за своето милениче.
Различни студии исто така докажаа бројни физички придобивки од зоотерапијата, како што е
намалување на артерискиот крвен притисок, нормална функција на срце и намалување на
анксиозност и депресија. Дали знаеме дека окситоцин, хормон на среќа, се лачи во поголеми
количини додека милуваме животно. Со зголемување на хормонот на среќата, телото заздравува,
се регенерираат клетките и доаѓа до наплив на животна сила.

Кои животни можат да станат терапевти?
Кучињата и мачките се на врвот на листата на „терапевти“. Но, зоотерапијата не завршува тука.
Сите животни (по наш избор и желба) можат да бидат терапевти, да го подобрат менталниот,
емотивниот и психо-физичкиот развој на луѓето. Единствено важно е, животното да биде мирно,
нежно и пријателски расположено.
Постојат и строги критериуми кои животните мора да ги исполнуваат за да бидат
терапевти:
-да имаат добро здравје;
-не-паразитски инфекции;
-добро воспитување, обука и лесен одговор на специфични команди;
-позитивни и стимулативни реакции во различни ситуации;

-отворени, социјални и предвидливи во реакциите
Заклучокот е очигледен – животните дефинитивно ја облагородуваат и ја зајакнуваат
душата, тие нè учат да сакаме и да бидеме подобри луѓе.

 

 

 

 

 

Извор: атма

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...