fbpx
Пролет – период на кафа доша и како да си помогнете
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Пролет – период на кафа доша и како да си помогнете

Пролет – период на кафа доша и како да си помогнете

by | Апр 9, 2021 | 0 comments

Пополека со движењето од зима во пролет од вата преоѓаме во кафа доша.

Ајурведската филозофија на дошата / типот на телото може да се спореди со божествено тројство. Неограничениот потенцијал и креативноста на Вата и фокусираното движење и харизма на Пита се приклучуваат на третата и последна Кафа доша за да се создаде неопходната света хармонија. Доаѓањето на Кафа доша, идеите и акциите се дополнуваат со структурата, поддршката и вистинската моќ за присуството. Потсетете се на физичките и суптилните карактеристики на елементите вода и земја кој с едоманантни кај оваа доша.

КАФА ДОША // Вода + Земја

Кафа во умот

Природно изразување – Кафа најдобро се опишува како голема организациска моќ на универзумот. Замислете ја флексибилната, пропусливоста на глината што ја добивате во комбинирањето на вода и земја. Може да се обликува и  да се се оживее секоја уметничка визија или функционална потреба. Личноста на Кафа ја зема истата флуидност, исполнетост со цврста основа врз која може да се изгради светот. Кафите се исклучително поддржувачки поединци – матријарх или патријарх кој обожава да се грижи за светот околу себе. Оддава цврстина, лојалност кон семејството, пријателите, кариерата, татковината, хоби и т.н. кој можат да го издржат тестот, теретот и товарот на времето. Тие имаат тенденција да опстанат во врска и на работното место со децении и никогаш да не се заморат од истата рутина. Всушност, тие напредуваат во средини каде што можат да ги ценат, подржуваат и да се користат нивните склоности кон „создавање навика“. Кафа е пријател со кој можете да се јавите во 3 часот наутро за помош и тие ќе бидат таму со брзина на најмали срцеви отчукувања. Ако сте доволно среќни да ги разбудите, бидејќи имаат многу тврд сон :), тоа е! Кафите се длабоки спијачи и често им требаат повеќе од осум часа ноќен сон за да се чувствуваат целосно одморени. Нивната длабока желба да издржат ги прави кафите толку прекрасни организатори и планери. Тие  се најсреќни во улогите каде што можат да направат списоци за помош, хуманост, и да бидат сигурни дека секоја личност / проект ќе биде успешен и завршен. Кафите се исклучително трпеливи, навистина уживаат да ракуваат дури и со најситните детали и имаат беспрекорна вредност кои им помагаат во животот да управуваат со леснотија. Примарниот мотив на Кафа е да ги заштити другите.

Вишок акумулација на кафа доша

Калливите својства на глината може да се манифестираат во леплива, валкана кал кога има вишок на елементите вода + земја. Кафата може буквално да заглави во рутина и многу педантност. Тука, лојалноста на нашата сакана Кафа се претвора во приврзаност и потреба, ако не е избалансирана. Тие можат да останат во врска или работа многу долго дури и откако средината ќе стане токсична или нема да тече по својот тек, едноставно затоа што ќе им биде непријатно да си заминат. Вишокот Кафа многу повеќе би одбрал удобност на познато отколку непредвидливоста на непознатото. Како резултат, тие навистина можат да се воздржат од раст, еволуција и да продолжат понатаму. Оваа приврзаност кон ситуациите може да се манифестира и како приврзаност кон нештата. Кафата може да акумулира неред во неурамнотежена состојба, па дури и да премине во статус на мрзеливост. Нивната обемна меморија доведува до длабока носталгија кон минатото, така што тие ќе се задржат на секакви спомени. Ако Кафа премногу се фокусира на поддршка на другите, тие можат целосно да ги занемарат сопствените физички, ментални и емоционални потреби. И, за да не се измешаат пердувите, тие ќе избегнат конфликти и говорење по секоја цена. Вишокот Кафа ќе ги блокира размислувањата во стресни ситуации и ќе тврди: „Нема ништо лошо“.

Кафа во Телото

Природна експресија

Физичките квалитети на водата и земјата придонесуваат за нееластичен тип на тело, мрсно и ладно. Кафа телата често имаат поголеми размери, коски и добро пополнети зглобови. Вистински се прилагодливи и тие можат да се прилагодат на која било температура, но природно може да избегаат од ладна и влажна клима. Тие генерално имаат силни нокти, не баш густа и мазна, блескава кожа. Едноставно има повеќе од елементот на земја и нивната физичка структура го одразува тоа. Варењето на Кафа дошата е многу бавно и стабилно. Можеби имаат тенденција да јадат големи порции храна на еден оброк, но нивното тело ќе го метаболизира полека, така што ќе останат заситени долго време. Кафите се топли и добредојдени со нивното физичко присуство. Тие имаат големи, пријатни очи и мекост на лицето, длабок глас што оддава сигурност и удобност на оние околу нив. Вишок акумулирана вода – натеченост од каков било вид е најчестиот индикатор за вишок Кафа во телото. Присуство на прекумерна телесна тежина, мукоза, флегма, отечени зглобови, мрсен тен, висок холестерол, висок шеќер во крвта … тоа е буквално премногу од оваа доша во телото, што го влошува елементот на земјата. Вишокот Кафа го нарушува здравото варење и застој на храна подолго отколку што треба. Кафа може да се чувствува „надуено“ или да се гади со часови после обилно јадење и да има потешкотии во елиминирањето на истата. Нормалното методично, трпеливо движење на Кафа може да доведе до летаргија, слабост и севкупно омлитавување во животот.

Како можеме најдобро да ја искористиме и поддржиме Кафата?

Без поддршка и заштита на Кафата, нашиот свет буквално би се распаднал на рабовите. Значи, природно, клучно е да ја искористиме оваа енергија до нејзиниот целосен потенцијал! Изразот „Бог е во деталите“ е совршен сладок одраз на важноста на рутината и трпеливоста на Кафа. Меѓутоа, кога е вишок, ние мора да ја мотивираме

Неколку клучни зборови можат да ја инспирираат активноста за балансирање на Кафа:

Засили се.

Повторно разбуди се

Промени се.

Смелост.

Направете предизвик: Секоја недела направете по една работа што е целосно надвор од рутина. На пример, ако секогаш правите одреден начин на работа, во петок посветете се на друга работа. Започнете со мали чекори и бидете похрабри како што поминуваат неделите. Појдете на високо-енергетски час по зумба, салса или брза јога. Исчистете го нередот од еден плакар, фиока, просторија и донирајте / фрлете ги работите што не ги користите.

И секако продолжете со редовна практирка на Удвартана и Трифала.

 

 

Удвартана

Органска трифала во прав 200гр

 

Вата

Питта

Кафа

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...