Тајната на здраво и витко тело не лежи во непроверени и нездрави трендовски диети по кои ќе ги
вратите изгубените килограми за час. Тајната лежи во моќта на здравите принципи и начин на
живот, кој ќе ви дадат природни упатства како да изгубите килограми и да одржите идеална
телесна тежина.
Јаболкото е овошје кое содржи само 50 калории во 100 грама. Се препорачува тридневна диета
со јаболка со цел да се исчисти организмот, но и да се забрза процесот на слабеење. Древните риши велат една јаболка го продолжува животот за еден ден.
Појадок:
1 чаша чај (може да ставите малку природен засладувач како стевија)
1 рендано јаболко со малку лимон (може и да се заслади)
Ручек:
2 рендани јаболка
како пијалок: вода или чај од шипка
Вечера:
2 цели или рендани јаболка (не лупете ја јаболката)
За закуски, можете да пиете чај или да јадете едно свежо неизлупено јаболко.
Можете исто така да изберете други овошја за вашата исхрана. Запомнете дека за време на
ваквите диети важно е да се грижите за внесувањето на доволно течности во организмот.
За целосна детоксикација користете трифала.




0 Comments