Билката чувар куќа е моќен сојузник во негата кај мрсна кожа, ги отстранува дамките и лузните од акните. Таа во едно е и заштитник на домот, позната по многуте лековити својства, убавина и здравје на лицето и кожата. Оваа билка е моќен заштитник на домот и е лековито растение кое дава брзи резултати за нега на лицето Оние кои добро ги познаваат лековитите својства на чувар куќа, велат дека станува збор за вистинска „домашна алое“. И навистина – и двете растенија се одлични при санирањето на последиците од иритираната кожа, како и нејзината хидратација, покрај фактот дека чувар куќа има и посилни воспалителни ефекти. Ефектот на заштита на кожата на лицето која е богата со масла, смола, полисахариди, калциум, танин, мравја и јаболкова киселина. Танинот е силен борец против слободните радикали, ги смирува воспалителните процеси, ја штити кожата од штетно УВ зрачење, ја одржува виталноста на кожата подолго и го забавува стареењето. Има голема количина на АХА киселини, кои се одличен избор за поддршка на хемиски пилинг. Ова растение ќе ја смири кожата што ја мачат акните и лузните што остануваат од нив, но исто така ќе има смирувачки ефект и на кожата која е премногу изложена на сонце и ја хидрира на вистински начин. Таа ќе ја направи кожата помека и помирна. Обидете се со овој домашен рецепт кој е на листата на моќни природни лекови за кои е лесно да се спремаат и имаат одличен и докажан ефект.
Маска против мрсна кожа, мозолчиња и темни флеки
Оваа маска дава најдобри резултати кај чистење на мрсното лице, што е предиспонирано за појава на мозолчиња и црни дамки. Промешајте го квасецот во малку млака вода за да добиете средна густина, кремаста маса, а потоа измешајте лажица исцеден сок од чувар куќа, шафраново масло и прстофат куркума и неколку капки ним масло во сè. Убаво измешајте или изблендирајте се додека не се добие густа крема и нанесете го на лицето, почекајте да се апсорбира и нека стои најмалку половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Ако не сте зимурливи и /немате дисбаланс на вата дошата/ и можете да издржите малку за убавина, исплакнете го лицето неколку пати со ладна вода. По целиот третман на влажно лице нанесете од нашиот ајурведски путер.
Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп
0 Comments