Како до брзо смирување на иритирана кожа!
Егзема или дерматитис е воспалително заболување кое се манифестира со интензивна сувост,
црвенило и пукање на кожата. Лице со егзема често чувствува силно чешање, а кожата може
повремено да крвари.
Егзема или дерматитис укажува дека имате внатрешен проблем, односно алергија на
храна. Ако имате егзема, прво проверете дали сте преосетливи на пченица или глутен,
млечни производи или ореви. Ако откриете дека сте чувствителни на некоја храна, важно е
да ја исфрлите од вашата исхрана.
Имено, бањите се многу добри за ублажување на егземата затоа што делуваат хидрирајќи
ја сувата, измачена и оштетена кожа. Негувањето на кожата со состојки, како што се
камилица, маслиново масло и сода бикарбона толку нежно и благопријатно делуваат на
кожата што се погодни и за детска кожа погодена од егзема или атопичен дерматитис. Исто
така, мешавината од овес и камилица, преставуваат„ совршено дуо„ за хидрирање и
смирување на кожата. Познато е дека овесот ја ублажува сувата кожа создавајќи заштитна
бариера, ја чисти и хидрира истата. Овесот има и антиинфламаторни својства, што значи
дека ќе го ублажи непријатноста предизвикана од егзема, односно ќе ја намали
иритацијата, црвенилото и чешањето на кожата. Камилица во бања, смирува воспалителни
процеси на кожата, релаксира со својот мирис и дава добар сон, особено кај децата.
Како да ја направите бањата?
1 чаша овесна каша
3 лажици суво цвет од камилица
Ставете овесна каша и камилицата во чиста газа и врзете ги за да не се растури
содржината. Ставете ја врзаната газа во поголема чинија и прелијте ја со неколку чаши топла
вода. Оставете да киснат околу 10 минути. Истурете ја водата во која камилицата и овесот беа
натопени во када со топла вода. Потоа легнете во када и останете во оваа нежна и релаксирачка
бања најмалку 20 минути. По нанесувањето на бањата, само нежно тапкајте ја ја кожата со крпа,
оставајќи ја малку влажна. Можете да користите газа со камилица и овес за смирување на
иритираната кожа.
Забелешка: оваа варијанта на бања е добар избор ако имате овесна каша дома и не сте во
можност да користите мелен овес или не сакате да имате траги од овесна каша на вашата када.
Не заборавете на крај да нанесете од нашето ајурведско масло на зафатените делови.
0 Comments