Еве ја тајната на маслото од сусам за кожата на лицето!
Зошто е добро да се користи масло од сусам за лице?
Маслото за лице од сусам совршено го чисти лицето и ги коригира сите несовршености на кожата!
Во време кога женската убавина е императив, сите ние се трудиме да изгледаме негувано и
заносно. Вашето лице е ваш заштитен знак и мора да бидете сигурни дека изгледа беспрекорно
во секое време. Маслото за лице од сусам има голем број придобивки што можат да ги поправат
сите несовршености што се наоѓаат на вашата кожа.
Маслото од сусам потекнува од растението Sesamum indicum. Содржи висок процент на минерали
како што се: фосфор, магнезиум и калциум. Богато е со витамини А, Б1, Б2, Б3 и Е што го прави
толку посебен и ефикасен.
Содржи многу масни киселини како што се: палмитинска, линолеична, олеинска и стеаринска
киселина. Поради сето тоа, тој е широко користен во многу козметички препарати.
Се користи со векови и дава фантастични резултати кога станува збор за нега на лицето.
Маслото за лице од сусам е погодно за сите типови на кожа и се користи за решавање на многу
проблеми поврзани со кожата на лицето. Одговара на дури и мaсна кожа на лице, склона кон
појава на акни.
Благодарение на своите антибактериски својства, се бори против инфекции, црни точки и осипи.
Исклучително е ефикасен во лекување на црвенило и сувост. Помага во отстранување мртвите
клетки, подмладување на кожа и намалување појава на брчки на лицето.
Овозможува длабока хидратација, бидејќи се користи како природен навлажнувачки крем. Често
се користи како заштита од штетни УВ зраци.
Да се запознаеме со ова чудесно масло подетално!
Масло од сусам за хидрација на кожа
Ајурведата вели дека од сите природни масла, масло од сусам, на кожата на лицето дава
најдобри ефекти.
Измијте го лицето со млака вода и исушете го со крпа. Нанесете неколку капки масло од сусам на
лицето и нежно масирајте го, додека кожата не се апсорбира целосно. Обидете се да го правите
овој третман секоја вечер како дел од ноќната рутина за здрава кожа.
За подобри резултати негувајте го лицето и телото постојано со ајурведски путер.
Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп
Масло за нега на кожа, конституција #pitta (чувствителна кожа)




0 Comments