Древен ајурведски рецепт кај опстипација и за празнење на цревата
by Ayurveda Makedonija | Мај 27, 2021 |
Редовното празнење е од голема важност за целосно здравје. Бидејќи на тој начин се успорува метаболизмот, се задржуваат токсините во органзимот и т.н. Ајурведата обрнува големо внимание на овој процес во телото, бидејќи стомакот се нарекува и втор мозок. Доколку тој не функционира како што треба прави опструкција на сите витални функции во телото.
Состојки
– 150 гр урми (1 чаша)
– 150 гр сливи (1 чаша)
– 1,5 чаши зовриена вода (за поголема густина)
Подготовка:
Исечете ти урмите и сливите на парчиња. Ставете ги во врела вода и варете додека смесата не се згусне. Добиената количина треба да биде доволна за 20 порции од по една голема лажица. Земете 1 лажица дневно. Овој џем е погоден за сите возрасти. Може да го јадете само него, да го намачкате на интегрален леб, да го додадете во јогурт, снегулки и т.н.
За целосна детоксикација и прочистување земајте редовно
трифала.
0 Comments