fbpx
Дали знаеме кој е најважен лик во нашиот живот?
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Дали знаеме кој е најважен лик во нашиот живот?

Дали знаеме кој е најважен лик во нашиот живот?

by | Мај 27, 2021 | 0 comments

Дали знаеме кој е најважен лик во нашиот живот? Зошто се плашиме да кажеме„НЕ„ кога нешто
не ни се допаѓа? Дали доволно се грижиме за себе? Дали доволно се цениме себеси?
Дали имаме доволно самодоверба? Дали знаеме што ни е потребно за среќа?
Сигурно знаеме, без сомневање што му е потребно на нашето семејство и пријателит. Со цело
срце реагираме и правиме се да ги задоволиме потребите на нашиот партнер, родители и деца на
дневна основа, затоа што ги сакаме и се грижиме за нив.
Но, дали истовремено се грижите за себе како што се грижите за своите блиски?
Апсолутно е јасно и неспорно, дека е грижиме и да ги правиме среќни другите. Но, нималку не е
поневажно да го слушаме нашиот внатрешен глас и нашите потреби.
Желбата и подготвеноста да им служиме на другите во кое било време од денот и ноќта,
причинува задоволство и не радува од една страна, но треба да знаеме дека самопочитта на
таквите луѓе е многу кревка. Стануваме личност која секогаш е во служба на другите, иако тоа го
правиме со голема љубов и целосна отвореност. Честопати кога ќе падне ноќта, жалиме дека не
одвоивме време за себе, не најдовме минута за себе и така заморени легнуваме, зошто
утредента не чекаат истите обврски. Ако се однесуваме вака подолго време, ризикуваме да
паднеме во состојба на вознемиреност и нашето тело не може да се справи со таа внатрешна
нервоза, замор, покачено ниво на кортизол во крвта, се почнува да оди по надолна линија. А, што
се однесува до вашата емоционална рамнотежа, порано или подоцна ќе сфатиме дека сме
изградиле некаков затвор, од кој не знаеме како да излеземе. Кога ќе си посветиме време на нас
самите, нашиот простор, енергија и време, ќе добиеме чувство на исполнетост и самодоверба Ви
предлагаме да ги испробате следниве стратегии на однесување за добра психофизичка состојба:
1. Ние сме главниот лик во нашиот живот!
2. Кога ќе си дозволиме она што го заслужуваме, ќе го привлечеме тоа што не е потребно. Да
ја примениме оваа фраза во секојдневниот живот.
3. Да запомниме- Дај си себе си тоа што го заслужуваш, тоа не значи дека сме себични.
4. Првото нешто што треба да го знаеме е дека сите заслужуваме да бидеме среќни. Ако во
нашиот живот доминираат стресот и вознемиреноста затоа што секогаш се грижиме
првенствено за другите, а не за себе, цената е една, ќе одиме надолу и ќе разболиме.
5. Во текот на денот, треба да посветиме барем два часа на себе. Да правиме работи кои не
прават среќни, што ни овозможуваат да се одмориме, релаксираме, креативно изразуваме,
да правиме се што придонесува за нашиот личен развој.
6. Да научиме да кажеме НЕ. И така, со гласно кажување на своето мислење и изразување на
своите потреби, не стануваме себични, туку реални и искрени. Ако не сакаме да го правиме
она што го предлагаат нашите блиски, кажи им директно. Ако не сакаме да го правиме она
што партнерот го бара од нас, убаво е да му кажеме, всушност тука нема ништо лошо,
имае право на свој избор.
7. Искреноста секогаш ни помага да го отфрлиме дополнителниот товар на одговорност.
8. Да уживаме во она што навистина сакаме да го правиме, го заслужуваме тоа, да бидеме
секогаш задоволни, среќни и слободни. Во моментот кога ќе почнеме да уживаме во она
што себе сакаме да го правиме, вклуќувајќи ја креативноста на најјако, работите околу нас
ќе се сменат инстант. Зошто? Затоа што сме задоволни, исполнети и полни со енергија.
Затоа што остваруваме контакт со себе, а кога сме полни со себе тогаш и самодовербата
расте, го цениме животот кој ни е подарок кој ни е божји дар.
9. И запомни, ако другите не знаат дека вредиме, треба да им го покажеме тоа. Тоа не значи
дека не треба да продолжиме да се грижиме за нив, да им служиме со цело срце и да
продолжиме да ги сакаме, но потребно е истовреме да се сакаме себе, водејќи грижа за
своето здравје, среќа и личен раст.
Ајде без подлагање, да започнеме уште од денес да ги применуваме овие правила на животот,
Сега и веднаш….. да го пронајдеме својот простор за релаксација, да се сетиме на своето
заборавено хоби, да ја земеме омилената книга в раце, да ја пуштиме музиката која живот ни
значи и никогаш да не заборавиме „Ја играме најважна улога во филмот наречен „Мојот пат„. И
сега и секогаш да не заборавиме ние сме главниот лик!

За самопомош практикувајте редовно јога и медитација.

ЈОГА

СЕМИНАРИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...