3 дена ајурведска детоксикација на телото според др.Авишек
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • 3 дена ајурведска детоксикација на телото според др.Авишек

3 дена ајурведска детоксикација на телото според др.Авишек

by | Мај 31, 2021 | 0 comments

За да се одржи оптималното здравје и виталност, Ајурведата предлага периодично чистење на организмот. Ако никогаш не сте го прочистиле телото, овој едноставен ајурведски детокс, кој трае само три дена и во текот на кој нема да гладувате, е вистинскиот избор за вас.

Три дена ајурведска детоксикација со овесна каша и китчари

Денес, човечкото тело е сè повеќе изложено на токсини од животната средина и храната. Сепак, емоциите, менталната состојби и психолошкиот стрес, исто така, создаваат токсини во телото. Овие токсини се акумулираат во ткивата и органите и го загрозуваат здравјете. За да се одржи оптималното здравје и виталност, др.Авишек предлага периодично чистење на организмот. Ако никогаш не сте го исчистиле вашето тело, овој едноставен ајурведски детокс, кој трае само три дена и во текот на кој нема да гладувате, е вистинскиот избор за вас. Лесен е за практикување и храната е лесно сварлива. Основата на менито се состои од едноставна овесна каша и китчари во комбинација со поголем внес на течности, без разлика дали станува збор за филтрирана вода или здрави чаеви од билки. Храната вклучена во оваа детоксикација е лесно сварлива, а истовремено го зголемува вашиот дигестивен оган – агни, што е исклучително важно за одржување на здравјето. Таа е идеална за балансирање на вата, пита и кафа доша. Покрај тоа, препорачливо е да земате трифала во прав навечер. Тоа е мешавина од три ајурведски билки кои ќе го подобрат варењето и со тоа ќе ги елиминираат токсините од телото. Важно е за жените да не го прават овој детокс додека имаат менструација, ниту за време на доење или бременост.

Предности на оваа 3-дневна детоксикација: го подобрува варењето и метаболизмот ја стимулира елиминацијата на токсините од телото придонесува за одржување на здрава телесна тежина го подобрува квалитетот на спиењето ги зголемува нивоата на енергија ја зголемува виталноста и енергијата.

Најдобро време за детоксикација

Пролетта е одлично време за чистење на телото. Обавезно испланирајте го кога имате најмалку обврски и кога сте најмалку стресни. Најдобро е да се започне со детоксикација за време на викендот за да се навикнете на самата диета до првиот работен ден. Ако сте навикнати на внесување кофеин и повремено консумирање алкохол или цигари, би било добро да го оставите сето тоа настрана пред оваа детоксикација. Бидејќи оваа детоксикација е лесна и не е захтевна, нема да ви создаде дополнителен стрес, но поради самата природа на чистење на телото, можни се поблаги промени во расположението. Инструкции за детоксикација За време на трите дена на детоксикација, консумирате само овесна каша и китчари, секогаш свежо подготвени. Можете да јадете онолку колку што сакате, но внимавајте да не се прејадете. Погрижете се да поминете најмалку 3 часа помеѓу секој оброк. Оброците изгледаат вака:

Појадок: едноставна овесна каша или китчари

Ручек: китчари

Вечера: китчари

Помеѓу оброците, пијте вода или билни чаеви за детоксикација. Заедно со ручекот, можете да јадете и половина авокадо со малку сок од лимон и малку сол. Закуската меѓу оброците не е пожелна, но ако навистина не можете да одолеете, јадете некое свежо овошје или неколку ореви претходно потопени во вода. Пијте 8-12 чаши топла вода секој ден, без разлика дали се работи за филтрирана вода или билен чај, за да се поттикне исплакнување на токсините. Најдобро е да земате течности помеѓу оброците, а не за време на нив.

Внимателно: не јадете ништо по 19 часот.

Како да се подготви овесна каша

Состојки:

½ чаши овесна каша

1,5 чаши вода

¼ чаши суво грозје

1 чаша ситно сецкани јаболка, кајсии, круши или праски

Зачини по желба: ¼ лажички цимет во прав ¼ лажички морско оревче 1/8 лажиче кардамон во прав 1/8 лажиче ѓумбир во прав или свеж.

Подготовка: Ставете суво грозје, исечено овошје во мало тенџере и додадете чаша вода и варете на средна топлина. Намалете ја топлината и вриејте 10-15 минути, додека овошјето не омекне. Додадете ја овесната каша и останатата вода, промешајте и повторно гответе. Кога ќе зоврие, тргнете од оган, покријте го и оставете го да отстои 5-10 минути.

Изладете и послужете.

Посакуваме добро здравје 🙂

 

Органски кардамом во прав 200гр

Ајурведски чај за дигестија

Кафа

Питта

Вата

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...