Премногу сол предизвикува сериозни здравствени проблеми: Намалете го внесувањето на солта и спречете ги на време последиците
Иако солта придонесува за вкус на многу јадења, додавањето на повеќе сол може сериозно да го загрози вашето здравје. Мали количини сол се потребни за нормално функционирање на организмот. На возрасните им треба помалку од 1 грам сол на ден, а на децата уште помалку. Сепак, секој знае дека прекумерната количина на сол е многу опасна. Вишокот сол во телото се врзува за водата во крвта, правејќи ја крвта погуста, што потоа ја отежнува циркулацијата, бидејќи срцето треба да „пумпа“ побрзо и посилно. Ако претераме, ризикот од кардиоваскуларни заболувања, висок крвен притисок и други болести се зголемува.
Проблеми со бубрезите
Содржи натриум, што значително го зголемува ризикот од појава на камења во бубрезите. Прекумерното внесување сол доведува до задржување на водата во организмот, бидејќи телото се обидува да го раствори целиот натриум. Нашето тело го отстранува вишокот течност со филтрирање на крвта во бубрезите и потоа отстранување на вода од крвта. Овој процес може да доведе до откажување на бубрезите и да ги оштети артериите кои се тесно поврзани со бубрезите.
Подуеност во стомакот
Натриумот поттикнува клетките да ја врзуваат водата, што доведува до надуеност. Дехидрацијата предизвикана од прекумерно внесување сол доведува до надуеност.
Главоболки
Вишокот сол може да предизвика проширување на крвните садови во мозокот и да предизвика болка.
Хипертензија
Важно е да се знае за умереноста, бидејќи недоволното внесување сол во организмот предизвикува низок крвен притисок, а прекумерно – висок крвен притисок.
Доколку внесувате поголема количина сол зголемете ја количината на дневен внес на вода.
Др.Авишек советува користње на хималајска сол во помали количини, а доколку имате здравствени проблеми ви советуваме преглед кај докторот.
0 Comments