Во Ајурведата медот е високо ценет. Дури се препорачува и како помошно лековито средство. Затоа, предлагаме тест со кој ќе откриете дали сте купиле вистински мед,
Свртете ја теглата
Во последниве години, се повеќе и повеќе таканаречени „лажни“ медови може да се најдат во продажба, односно производи кои изгледаат само како „вистински“, но всушност се направени од шеќер и немаат никакви „лековити“ и полезни својства. Како да препознаете вистински мед во продавницата? Дали има некој начин, некој тест што ќе ни открие дека производот што го купуваме е природен? Др.Авишек ни одговори на ова прашање – Кога сте во супермаркет, можете едноставно да ја свртите теглата со мед. Кога ќе го направите тоа, ќе се појави меур што се движи нагоре, тоа е показател дека медот е навистина природен и навистина реален. Да не беше така, целата количина веднаш ќе потонеше на дното и немаше да има меур, кој обично е во облик на круша – вели др.Авишек и додава дека овој тест важи за секој вид мед. Важно е луѓето да разликуваат, вели тој, и дека медот не треба да е термички обработен, што често го прават преработувачите. Термички обработениот мед на есамо што ќе ги изгуби сите хранливи состојки туку и станува отровен. Немој никогаш термички да го обработувате медот, не го додавајте во колачи, па дури ни во топла шојла чај. Медот содржи многу витамини, 37 минерали, многу калиум, калциум, магнезиум, цинк кои му помагаат на нашето тело и за развој и за одржување на здравјето.
Користете го нашиот органски шафранов мед.




0 Comments