Куркумата содржи куркумин, идентификуван како главна активна состојка, која постигнува повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства. Нема друга природна состојка во светот што е поефикасна во намалувањето на воспалението во организмот отколку куркумата Но, треба да бидете сигурни дека моќната куркума правилно делува врз вашето тело. Потребно е да научите како да ја консумирате. Како прво набавете еко-одгледувана и органаска куркума во прав, не било која што се нуди во продавниците. Свежиот корен наликува на ѓумбирот и слично се подготвува (исто семејство на растенија). Куркумата е растворлива во масло, што значи дека треба да ја комбинирате со малку маснотии за оптимална апсорпција на хранливите материи. Обично се подготвува со органско кокосово масло или ладно цедено маслиново масло. Препорачаната дневна количина куркума би била од 3 g до 10 g (додавајте ја во храната), со текот на времето може да се зголеми малку повеќе. Значи, приближно 1 лажичка куркума е препорачана дневна доза за возрасни. За максимален ефект, треба да ја земате на дневна основа или најмалку три пати неделно. Старите лица и децата на возраст под 6 години треба да ја намалат дозата за половина (1/2 кафена лажичка) еднаш неделно за прв пат, а потоа да ја зголемат количината во доза што одговара на индивидуата. Ако куркумата предизвикува мачнина или несакани ефекти, консултирајте се со ајурведски лекар.
Важно: Комбинирајте куркума и црн пипер за да го зголемите ефектот. Кога ова ќе се земе заедно ја зголемува биорасположивоста на куркумата за 2000%. Внимание! – Никогаш не земајте на празен стомак. – Ако се борите со жолчни камења, консултирајте се со вашиот ајурведски лекар пред да додадете куркума во вашата исхрана (куркумата го зголемува производството на жолчката и може да ја влоши вашата состојба)
– Не комбинирајте го со антикоагуланси како што се аспирин, ибупрофен или варфарин (мариварин, мартефарин), бидејќи куркумата исто така ја разредува крвта.
Која е најдобрата форма за консумирање?
– Повеќето луѓе ја додаваат во чаша топло млеко.
– Најпопуларната комбинација во Ајурведата е Златно млеко.
Исто така познат рецепт: Измешајте 1/4 лажичка куркума со 1/2 лажичка маслиново масло. Додадете поголема лажичка на свежо мелен црн пипер во неа. Измешајте ги овие три состојки во чаша. Оваа мешавина можете да ја конзумирате како таква, но и да ја додадете во разни јадења, супи и салати. Само внимавајте доколку ги користите во варени јадења, не варете ги овие состојки премногу, туку додајте ги на самиот крај. Ако ги консумирате сами, измешајте ги со малку топла вода.
Златен мед можете да направите од мед и куркума со исклучителни здравствени својства. Наша препорака е да го користите нашиот органски шафранов мед.




0 Comments