fbpx
Морето, солената вода и кожата

Морето, солената вода и кожата

by | Авг 9, 2021 | 0 comments

Дали знаеме зошто се чувствуваме толку пријатно кога  сме на море?

Дали знаеме кој тип на луѓе и доша најмногу ужива покрај вода и на море?

Дали знaeмe дека нашето тело содржи скоро иста концентрација минерали и хранливи материи
како морската вода?
Кога сме на море за многу кратко време акните на лицето и телото исчезнуваат, кожата ни
станува почиста, посјајна, како да се враќа во својот природен баланс.
Затоа, немора да чекаме да одиме на море, може да уживаме во придобивките од морската сол
подготвувајќи си самите раствор на сол и ќе може успешно да ја лекуваме и обновиме кожата.
Чистата, квалитетна морска сол прави чуда за нашата кожа.
Меѓутоа, ако проблемите на кожата се хронични, потребно е освен надворешно третирање да
работиме на подлабоката причина за проблемот.
– Храната како причина за појава на акни
1.Млечни состојки, шеќер и некои додатоци, содржани во млечно чоколадо, можат да придонесат
за промени на кожата.
2.Рафинирани масла, бело брашно, високо обработена храна и глутен исто така може да
предизвикаат појава на акни. Затоа, дефинитивно треба да се избегнуваат.
3.Елиминирајте ја целата преработена храна богата со шеќер и збогатете го менито со што
повеќе лиснат зелен зеленчук, свежо овошје, протеини со малку маснотии и здрави масти, кои се
добри за кожата.
4.редовно да се консумира храна богата со пробиотици, како што се кисела зелка и кимчи.
Состојбата на дигестивниот систем и односот на добри и лоши бактерии во него се рефлектира во
изгледот на кожата.
– Лековити својства на морска сол
Морската сол делува така што спречува ширење на штетни бактерии, ги чисти клетките и ја
балансира pH вредноста на кожата.
Лицето наутро го миеме со чиста раствор од морска сол и филтрирана вода, (може да се користи
хималајска розова сол за оваа намена). Оваа сол, всушност, содржи дури 84 минерали кои ќе и
дадат на вашата кожа висока доза на здравје и виталност. Солта содржи магнезиум, калиум и
калциум, вистинските пријатели на здравјето на кожата. Покрај уништувањето на бактериите,
минералите го забрзуваат заздравувањето на кожата.
– Придобивки од морска сол за кожа склона кон акни:
*ги елиминира бактериите кои предизвикуваат појава на акни
*ја балансира pH вредноста на кожата
*ја храни кожата со минерали
*спречува прекумерна секреција на себум
*длабоко ги чисти порите и спречува нивно затнување
*ја затегнува кожата и ги отстранува токсините од неа
*ја стимулира циркулацијата
*помага при појава на сувост, егзема и псоријаза

Како да се подготви растворот:
Во чаша не премногу топла филтрирана вода додаваме 3 лажици квалитетна морска сол. Добро
се промешува за да се раствори солта.
– Апликација
Земаме мека крпа и ја потопуваме во растворот. Ја ставаме на делот од лицето кој е воспален. Ја
оставаме на лицето 3-4 минути за добро да ја апсорбира солта. Очите и устата ни се затворени
(солта може да ги иритира). Потоа го поминуваме лицето со растворот така што солта може да
делува на сите делови на лицето и на крај го плискаме неколку пати со топла вода за да го
измиеме. Оваа постапка може да ја повториме наутро и навечер. Но, ако имаме воспалено лице
со потешки акни, може да се аплицира растворот 3-4 пати на ден.
За неколку дена ќе забележиме дека лицето станува почисто.

Ако проблемот со акните продолжи и по лекувањето на акните со раствор на морска сол,
навистина треба да внимаваме на исхраната.

Не заборавете редовно да ја негувате кожата со органски и здрав путер за тело.

 

Ајурведски путер против целулит и стрии

 

ДОШИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...