Вежба за ослободување на гасови (Pawanmuktasana)
Вежбата за ослободување на гасови, ја ублажува напнатоста на целиот ’рбет, особено долниот
дел на грбот и бедрата, за само неколку минути. Оваа јога асана ја регулира работата на
цревата и затоа е добро да ја правиме наутро.
Како се изведува:
♦ Легнуваме на грб и се опуштаме
♦ Ги свиткуваме нозете во колена
♦ Вдишуваме испружувајќи ги рацете кон колената , ги фаќаме колената со дланките
♦ При издишување, ги прегрнуваме колената и ги доближуваме до стомакот
♦ Дишеме длабоко, концентрирајќи се на работата на дијафрагмата. При вдишување, ги тргаме
нозете подалеку од телото, а при издишување, ги приближуваме. Остануваме во позиција 8-10
вдишувања, околу 1 минута.
Доколку чувствувате поголема нелагоднсот во стомакот земајте редовно Трифала.
Научете повеќе јога асани на нашите редовни јога часови.
0 Comments