Губењето на косата предизвикува голема загриженост кај луѓето во последните
неколку децении. Стресот, загадувањето, неквалитетниот начин на живот и
лошиот избор на исхрана придонесуваат за лош квалитет на косата и нејзино
лесно кршење. Но, проблемот со губење на косата е сериозно зголемен кај
заразените со новиот коронавирус.
Борбата на телото против КОВИД-19 не е лесна. Вирусот го ослабува нашиот
имунолошки систем до екстремно ниво. Го нарушува нормалното
функционирање на телото и дава долги симптоми и по прележувањето. За да ја
вратите силата и сјајот на вашата коса, јогата може да биде одличен избор.
Античката форма на физичка активност ја зголемува циркулацијата на крвта во
главата и скалпот, што може да го намали опаѓањето на косата и да го поттикне
нејзиниот раст. Но, јогата не може да ви помогне ако не се храните здраво и ако
немате здрав начин на живеење. Значи, разгледајте ги сите аспекти за да
добиете повеќе придобивки од вашата јога сесија. Еве некои асани кои се
корисни за намалување на опаѓањето на косата:
Капалабати пранајама или огнен здив – Kapalabhati
Чекор 1: Седнете удобно на под со прекрстени нозе, со дланките потпрени на колената
и свртени нагоре.
Чекор 2: Држете го ’рбетот исправен, вдишете низ носот и повлечете го папокот и
стомакот назад кон ’рбетот.
Чекор 3: Издишете брзо преку носот релаксирајќи го папокот и стомакот.
Чекор 4: Повторете го овој процес 10 пати на почетокот.
Ви препорачуваме да го комбинирате со органаски серум за коса, органски шампон за раст на коса и Амла
Научете повеќе практични вежби на наите редовни јога часови.
0 Comments