Свежите кирики ја дизбалансираат Вата дошата и затоа во ајурведата не се препорачуваат за исхрана.
Кикириките содржат протеин кој создава цитокини, предизвикувач за метастази на канцер, со што
може да се зголеми ризикот од ширење на канцер. Кикириките содржат (ПНА), протеин кој ги
врзува јаглехидратите брзо да влегуваат во крвотокот и комуницираат со клетките на sидовите на
кардиоваскуларниот систем (ендотел) и се произведуваат молекули наречени цитокини.
Цитокините создаваат супстанции кои се привлечни за клетките на туморот
Токму овие цитокини, ИЛ-6 и МЦП-1 се добро познати промотори на метастази на канцерот.
Зголеменото производство на цитокини предизвикува другите ендотелни клетки да произведуваат
повеќе молекули на адхезија на површината на клетката, што ги прави попривлечни за
циркулирачките клетки на туморот и со тоа потенцијално стимулираат метастази. Циркулирачкиот
ПНА протеин се врзува за специјален шеќерен ланец, кој се јавува главно во преканцерозните и
канцерогените клетки и комуницира со поголем протеин изразен на површината на туморските
клетки.
Оваа интеракција предизвикува промени во поголемиот протеин, што резултира со изложеност на
основните молекули на адхезија на површината на клетката на канцерот, што ги прави повеќе
лепливи за крвните садови. Исто така, им овозможува на клетките на канцерот да формираат
мали грутки, кои го продолжуваат опстанокот на клетките на канцерот во циркулацијата на телото.
Канцерот кој се наоѓа на епителот патувајќи низ крвотокот, почнува да се шири и на други органи.
Внимателно консумирање кикирики, особено кај пациенти со дијагностициран канцер.
0 Comments