Како да се зголеми капацитетот на белите дробови!
***Седум совети како да дишете со полн капацитет на белите дробови
Постојат многу фактори кои негативно влијаат на респираторниот систем и можат да доведат до
намален капацитет на белите дробови. Меѓутоа, ако ги следите овие правила, пренесува
Гардијан, ќе дишите со полни бели дробови.
Остави ги цигарите
Пушењето ги уништува белите дробови предизвикувајќи многу проблеми, почнувајќи од мали
незначителни респираторни заболувања па се до канцер. Пушењето дефинитивно влијае на
капацитетот на белите дробови. Дали знаете дека капацитетот на белите дробови ќе се зголеми
за најмалку десет проценти во девет месеци по прекинот на пушењето?
Правете вежби за дишење
Постојат голем број вежби што можете да ги направите за да го одржите здравјето на белите
дробови. Еден од нив вклучува седење со рацете на белите дробови, потоа ќе вдишите, ќе го
задржите здивот околу десет секунди пред издишување, па потоа полека ќе издишете. Правете ја
оваа вежба барем по 15 вдишувања и издичувања, по неколку пати на ден. Може да се изведува
во седечка позиција, на пример додека гледате телевизија.
Земајте потребна количина витамин Д
Треба да знаете дека повисокото ниво на витамин Д во телото е поврзано со подобра функција на
белите дробови. Во текот на летото, во зависност од тоа каде живеат, повеќето луѓе добиваат
доволно витамин Д, но во зимските месеци кога сончевата светлина исчезнува, препорачливо е
да се земаат додатоци на витамин Д. Витаминот Д може да се најде и во намирници како што се
мрсна риба, јајца жолчки и црвено месо.
Пејте
Ако сте еден од многуте луѓе кои сакаат да пеат под туш, можеби имате среќа, бидејќи пеењето
може да им помогне на вашите бели дробови. Според ајурведските лекари и терапевти, пеењето
е задолжително и особено корисно за пациенти со респираторни заболувања.
Бидете активни
Знаете дека со дишењето како биолошки процес се внесува кислород во телото, а се исфрла
јаглерод диоксидот. Додека вежбате, овој процес се случува побрзо и ги прави вашите бели
дробови посилни и поефикасни.
Правилно седете
Долготрајното неправилно седење може да го намали капацитетот на белите дробови, бидејќи
неправилната положба има тенденција да ги компресира белите дробови. Седнете исправено за
да го обезбедите најдобриот можен капацитет на белите дробови. Доброто држење на телото,
исто така, може да помогне против болки во грбот.
Потребен ви е свеж воздух
Ако живеете во град, изложеноста на загаден воздух е неизбежна. Дури и краткорочното
загадување може да влијае на белите дробови. Користете ја секоја можност за да излезете и да
се ослободите од прашината во станот и во градот. Одгледување растенија во домот може да ви
помогне да го одржите воздухот свеж. Во деновите кога нивото на загадување е ниско,
задолжително отворете ги прозорците.
Редовно чистете ги дишните патишта
Користете ја древната техника Џала нети и насја масло во вошиот нос, а со тоа и дишните патишта.
0 Comments