*60 минути пешачење секој ден – за два месеци се губат пет килограми*
Докажано е дека пешачењето, односно брзо одење може да помогне во губење на вишокот
килограми и подобрување на физичкото и менталното здравје.
Замислете- само неколку илјади чекори дневно можат да согорат стотици калории.
Тоа е аеробна вежба која е лесна за изведување и му овозможува на човекот да троши енергија и
да согорува калории, така што во секој случај помага во процесот на одржување добра кондиција
и линија.
За да постигнете добро здравје, се препорачува да пешачите околу 30 минути повеќето денови во
неделата, или онолку често колку што можете.
“Ако сакате да изгубите тежина, одете најмалку 45 до 60 минути. Имајте на ум дека не треба тоа
да го направите во еден наврат, туку можете да ја поделите на неколку пати.
Сепак, ако на овој секојдневен релаксирачки тренинг додадете и добро избалансирана храна,,
позитивна мисла и добро расположение, ќе добиете одлични резултати за многу кратко време.
Добра препорака е и практикување секој ден умерена практика на јога и медитација
Биди здрав, биди фит!
0 Comments