fbpx
Kалинка – плод на боговите и здравјето
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Kалинка – плод на боговите и здравјето

Kалинка – плод на боговите и здравјето

by | Сеп 21, 2021 | 0 comments

ДАли знаете дека калинката е едно од најстарите и најздравите билки на земјата. А дали знаете дека сме едни од ретките поднебја каде успева ова растение?

Калинката е едно од најздравите плодови бидејќи е богатa со витамини, минерали, влакна и
антиоксиданси кои штитат од многу болести.
Ова растение потекнува од Азија и го нарекуваат плод на боговите. Во древните ајурведски записи,
црвените семки од калинка ги споредувале со крвта. Се верува дека тие го забавуваат
стареењето и даваат младост.
Таа е симбол на плодност, изобилство и вечен живот.
Половина чаша калинка содржи околу: 72 калории, 1 грам маснотии, 16 грама јаглени хидрати, 12
грама шеќер, 3 милиграми натриум, 4 грама влакна и 1 грам протеини.
Само 100 грама ќе задоволат околу 15% од дневните потреби за витамин Ц. Одличен извор е на
витамин Б-5. Калиумот од ова овошје ги штити срцето и мускулите.
*Калинката е богата со состојки кои имаат силно антибактериско и антифунгално дејство.
Добра превенција е за појава на гингивитис и други воспалителни процеси во усната шуплина.
*Калинката содржи многу шеќер, а богата е со растителни влакна, кои го одржуваат стабилното
ниво на гликоза во крвта.
*Калинката помага при смирување болки во зглобовите при појава на артритис и ревматоидниот
артритис. Студиите исто така покажуваат дека сериозноста на артритисот и воспалението на
зглобовите е значително намалена со употреба на екстракт од калинка. Ако веќе користите лекови
за артритис, проверете кај вашиот лекар за да видите дали можете да вклучите калинка во
вашата исхрана. Калинката е природен извор на антиоксиданси, флавоноли, кои имаат
антиинфламаторно дејство
*Го зајакнува срцето
*Сокот од семе од калинка содржи висока содржина на антиоксиданси и може да ја блокира или
забави акумулацијата на холестерол во артериите.
*Помага во борбата против канцерот
Калинката е моќна во борбата против канцерот, има антиканцероген ефект врз разни видови на
клетки на ракот. Бројни студии покажуваат дека екстрактот од калинка има моќен ефект во
борбата против канцер на дојка и на простата.
*Ја подобрува меморијата
Сокот од калинка ја подобрува меморијата и когнитивните способности. Оваа теорија беше
потврдена со истражување спроведено на постари луѓе кои пиеле сок од калинка и било
заклучено дека кај некои од нив видно била подобрена меморијата. Истражувањата исто така
покажуваат дека конзумирањето на овој сок може да ги забави симптомите на Алцхајмерова
болест. Калинката има позитивен ефект врз меморијата и координацијата на мускулите.
*Сокот од калинка го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
*Спречува формирање на згрутчување на крвта во артериите.
*Има корисен ефект врз централниот нервен систем.
*Содржи билни супстанции кои го стимулираат производството на серотонин во телото и помага
во борбата против депресијата.
*Ја подобрува структурата на коските, одлична превенција е при појава на остеопороза и
остеоартритис.
*Поттикнува борба против ешерихија коли и стафилококна бактерија.
*Плодовите од калинка содржат многу железо, така што помагаат при лекување на анемија и ги
елиминираат симптомите на слабост и вртоглавица.
*Плодовите од калинка ја зголемуваат плодноста кај мажите, бидејќи позитивно влијаат на
квалитетот и концентрацијата на спермата.
*Утврдено е дека ако се консумира две чаши сок од калинка дневно се зголемува либидото кај
мажите и кај жените, бидејќи ова овошје има ефект на зголемување на нивото на тестостерон во
телото кај двата пола.
*Го намалува крвниот притисок Сокот од калинка содржи разни видови антиоксиданси и
полифеноли кои имаат позитивен ефект врз кардиоваскуларното здравје.

Есента е време кога ги собираме плодовите од ова растение.

Искористете го 🙂

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...