Пред да започнете со практикувањето на оваа јога вежба, треба да ја проветрите просторијата и да направите малку гимнастика
за загревање, а потоа само следете ги упатствата.
За оваа вежба не треба да одвојувате повеќе од 10 минути дневно.
Голем број асани во јогата носат име по некое животно. Всушност, ние ги емитираме нивните движења и на тој начин се враќаме кон природата.
Сфинга + Кобра
Бенефит: зајакнување на грбот, ‘рбетот станува еластичен и флексибилен.
Како се изведува вежбата: легнете на стомак. Подигнете го горниот дел од телото и потпрете се на
лактите. Подлактиците се паралелни. Опуштете ги рамената и погледнете право напред. Нозете се
испружени. Оваа позиција е сфинга. Сега да се кренеме на раце. ‘Рбетот се подига уште повеќе.
Погледни напред или нагоре. Оваа позиција е кобра. Потоа повторно се враќаме кон сфинга.
Времетраење на вежбање: неколку циклуси на дишење.
Фото: Фрипик




0 Comments