Ајурведска марма техника за лекување на цело тело
Ако секојдневно по 5 минути ја изведеме оваа древна ајурведска марма техника со активирање на
одредени марма точки, за 7 дена ќе почувствуваме враќање на емоционалната равнотежа,
подобрување на менталното и физичкото здравје без примена на никакви лекови!
Ова древно учење се базира на доказите дека секој прст на раката е „поврзан“ со
функционирањето на најмалку два внатрешни органи. За да се решиме од многу физички и емоционални
здравствени проблеми, доволно е да се активираат тие точки на прстите 5 минути секој ден.
Како се изведува оваа ајурведска марма техника?
За активирање и за лекување на внатрешните органи, потребно е да се притисне благо 3 до 5 минути
посакуваниот прст со слободната рака и да се прават нежни кружни движења. Со десната рака ги активираме марма точките на прстите
на левата рака. Дишењето треба да биде длабоко и смирено. Откако ќе заврши активирањето, се
продолжува со масирање на сите прсти на двете раце, 3 минути.
Среден прст
Помага во работата на: црниот дроб и жолчното кесе.
Емоции што зависат од овој прст: лутина, неодлучност, иритација.
Симптоми: мигрена, замор, проблеми со циркулацијата, менструална болка во долниот дел
на стомакот, главоболка.
Пожелно е пред да започнете со примена на оваа терапија да се консултирате со нашите ајурведски тарапевти.
0 Comments