Едно од најдобрите природни масла е дефинитивно бадемовото масло. Поради природното богатство што го содржи во само една лажичка, бадемовото масло е вистински бисер и откритие на природата, па зазема посебно место во ајурведата. Ајурведските стручњаци го познаваат одамна и му веруваат многу. Овој прекрасен дар на природата можеме да го искористиме на многу начини за да ја подобриме и зачуваме нашата убавина.
Сува и дехидрирана кожа
Бадемовото масло брзо се апсорбира и брзо ја елиминира сувоста и првутот во косата. Тријте ги грубите делови од телото на лактите, колената и потпетиците што е можно почесто, додека кожата не стане мека. За сува кожа на лицето – додадете бадемово масло во дневниот ајурведски путер за лице и тело. Многу брзо ќе го ослободи лицето од сувост и непријатност.
Бонус – штити од алергиски реакции и воспаленија.




0 Comments