Едно од најдобрите природни масла е дефинитивно бадемовото масло. Поради природното богатство што го содржи во само една лажичка, бадемовото масло е вистински бисер и откритие на природата, па зазема посебно место во ајурведата. Ајурведските стручњаци го познаваат одамна и му веруваат многу. Овој прекрасен дар на природата можеме да го искористиме на многу начини за да ја подобриме и зачуваме нашата убавина.
Против брчки
Бадемите се богат извор на витамин Е. Ако го нанесувате овој витамин секојдневно, вие не само што ќе го спречите создавањето на брчки, туку и ќе ги ублажите постојните. Во борбата против брчките, најдобро е да користите бадемово масло навечер во комбинација со нашиот еликсир Златна Карма. Секој втор ден или двапати неделно, нанесете бадемово масло на исчистено лице пред спиење.




0 Comments